Кошаркарот, Милош Теодосиќ, ќе биде трето засилување за Црвена Ѕвезда во текот на летово откако плејмејкерот ги прифатил условите на „црвено-белите“.
Евролигашот претходно ги обезбеди потписите на Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ.
Теодосиќ досега беше член на Виртуз Болоња а претходно настапуваше и за ЦСКА Москва, Олимпијакос и ФМП.