Полската ракометна федерација ги казни екипите на Кјелце и на Висла со 15.000 евра по сите случувања на големото дерби кое го одреди и новиот шампион.
Кјелце пред речиси 40 денови успеа да слави со 27-24 и да се израдува на пехарот а сите немили настани дури денеска беа санкционирани од страна на федерацијата.
Клубот од Плоцк е казнет за критики за официјалните лица од страна на тренерот Сабате, спортскиот директор Вишњевски и претседателот Становски. Келце е казнет поради вулгарниот банер на трибините како и поради палењето на знамето на Висла Плоцк.

