Пол Еспeргаро кој падна на последниот тест пред сезоната во Португалија и заработи потешки повреди, ќе се врати на патеките во Мото Гран при шампионатот.
Тој преку социјалните мрежи најави дека сака да биде дел од претстојниот собир во Велика Британија. -Подготвен за трка во Силверстон. Ќе биде потребно време но, ќе дадам се од мене. Им благодарам и на сите лекари кои ми помогнаа во закрепнувањето. Ви благодарам и на сите вас за пораките во изминатите четири месеци“ – напиша Шпанецот.
По неговиот пад во Портимао, Еспергаро се здоби со скршеници на вилицата и торакалниот пршлен, како и набиено белодробно крило.