Author: dino

Фудбалерот на Милан, Шарл де Кетелер, може да добие понуда да се пресели во Франција во екипата на Олимпик Марсеј, објави денеска – „Газета дело спорт“. Плејмејкерот пристигна на „Сан Сиро“ за околу 30 милиони евра но, одигра далеку под очекувањата. Тој за „росонерите“ направи само една асистенција на 40 мечеви. Милан е подготвен да се раздели со Кетелер кој влегува во плановите и на Астон Вила и ПСВ Ајндховен.

Read More

Интер понудил околу 22 милиони евра за играчот на Вест Хем, Џанлука Скамака, пренесува Скај Италија. Се верува дека лондончани сепак ќе ја одбијат понудата со надеж дека Рома ќе му ги откупи правата за 27 милиони. Сепак, проблем може да  биде условената минутажа во наредната сезона и евентуалниот пласман на „волчицата“ во Лигата на шампионите.

Read More

Голманот, Филип Густавсон, потпиша нов тригодишен договор со екипата на Минесота која настапува во хокеарската лига на САД и Канада. Договорот е вреден 11,25 милиони долари. 25-годишниот, Швеѓанец, вели дека е среќен што целата работа финишираше според неговите желби. Тој во претходната сезона прими во просек 2,1 гол по натпревар и забележа висок процент на одбранети удари или 93,1. Густавсон претходно настапуваше за Отава. Тој беше избран со број 55 на драфтот во 2016 година од Питсбург но, никогаш не настапи за тој клуб.

Read More

Францускиот шампион Пари Сен Жермен откако не успеа да ги купи Хари Кејн од Тотенхем и Виктор Осимен од Наполи, сега се насочи кон напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Коло Муани. Францускиот репрезентативец во изминатата сезона имаше одлични настапи во Бундес-лигата. Тој постигна 15 голови и забележа 14 асистенции. Муани пред да дојде во Ајнтрахт во 2022 година, играше за Нант а беше на позајмица и во Булоњ.

Read More

Искусниот дефанзивец од Шпанија, Серхио Рамос, може да го облече дресот на Галатасарај, објави новинарот Фатих Демиркол од – „Хабер Глобал“. Наводно, клубот од Истанбул го убедил 37-годишниот ветеран да ја прифати понудата. Рамос по две години поминати во ПСЖ си замина како слободен играч. Тој за французите одигра 58 натпревари со ефект од шест голови и една асистенција. Рамос претходно беше дел од Реал Мадрид од 2005 до 2021 година.

Read More

ПСЖ не успеа да ја активира откупната клаузула за напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле но, преговорите ќе продолжат, велат денешните информации од Шпанија. Французите требаше да платат 50 милиони евра но, не ги завршија административните работи во предвидениот рок. Французинот останува на ставот дека сака да ги напушти Каталонците и да заигра на – „Паркот на принцовите“. Се шпекулира дека голгетерот прифатил понуда за 5 годишна соработка.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, се надева дека ќе биде во првата постава иако има жестока конкуренција во имињата на  Модриќ, Крос, Валверде, Камавинга, Белингам, Себалјос и Арда Ѓулер. „Го имаме најдобриот среден ред во светот. Учиме од Модриќ и Крос. Тука се и други млади и талентирани играчи. Сигурен сум дека не чека многу добра сезона“ – вели Чуамени. Французинот деновиве доби шанса да ги одигра сите 90 минути на контролниот натпревар против Барселона.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурисио Покетино, проценува дека треба да се засили ростерот. „Не сум сигурен колку нови играчи ни се потребни. Мислам дека е проблематично сега да се открие тоа. Сакам да бидеме силни на сите позиции“ – вели Покетино. „Сините“ на стартот на Премиер-лигата ги чека првото големо дерби против Ливерпул. Мечот е закажан за 13 август.

Read More

Садио Мане кој имаше инцидент со клупскиот соиграч во Баерн Минхен, Лерој Сане и на некој начин принудно си замина од Германија, вели дека бил разочаран од односот кон него. „Тоа што го напуштив Баерн на таков начин ме повреди. Знам дека ќе бев од голема помош но, без разлика на се, му пожелувам се најдобро на клубот и на навивачите“ – рече брзоногиот фудбалер.   Сенегалецот во текот на летово се пресели во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср. 

Read More

Екипата на Ал Итихад го промовираше новото засилување, Фабињо, кој деновиве беше купен од англискиот Ливерпул за 40 милиони фунти. Бразилецот е третиот најскап трансфер во текот на летово во Саудиска Арабија. Играчот од средниот ред потпиша договор за минимум три години. Неговата плата ќе биде 25 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Read More