Нашите најдобри кошаркари денеска заминаа за Талин на претквалификацискиот турнир за олимписките игри. Селекторот, Александар Јончевски, во експедицијата ги има: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ. Мечевите со Израел, Естонија и Чешка ќе ги реализираме во терминот од 12. до 15. Август.
Author: dino
Медиумите во Србија најавуваат дека црногорскиот стратег Миодраг Божовиќ – Гроф, ќе биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Тој треба да дојде на местото на Благоја Милевски кој по поразот од Украина и посебно дебаклот во Англија со 7-0, падна во немилост кај навивачите и луѓето од Куќата на фудбалот. Божовиќ досега главно водел екипи од Русија, Србија, Црна Гора и Кипар. Поранешниот тренер на „црвено-белите“ од Белград , немал активност како селектор.
Нашата најдобра тенисерка на ВТА листата, Лина Ѓорческа, започна со победа на турнирот кој се реализира во Осијек во Хрватска. Таа во улога на прва носителка ја совлада убедливо во два сета Романката, Сабина Дадачиу со 6:2 и 6:3. Ѓорческа во втората рунда ќе излезе на мегдан со домашната претставничка, Силвија Њириќ, која успеа да ја победи нејзината сонародничка, Лусија Багариќ во два сета со 6:3 и 6:4.
Репрезентативецот на Шведска, Јенс Каусте, потпиша договор со италијанскиот шампион Наполи за наредните пет години со плата од еден милион евра по сезона. Фудбалерот се пресели на Апенините од екипата на Ремс. Неговиот трансфер вреди 12 милиони евра.23-годишниот играч од средниот ред помина година и половина во францускиот тим. Каусте забележа 42 натпревари со 6 голови и 1 асистенција. Тој има 15 средби за репрезентацијата на „викинзите“.
Самуел Чуквезе кој денеска беше претставен како нов фудбалер на Милан, вели дека сака да освои многу трофеи со италијанскиот состав. „Навивачите се фантастични. Се чувствувам одлично со моите нови соиграчи. Стефано Пиоли ми се јави и ми ги објасни сите тактички работи што требаше да ги знам пред да потпишам“ – вели Чуквезе. „ Јувентус и Интер се исто така големи клубови но, можеме да ги победиме. Подготвен сум да го освојам Скудетото“ – вели црномуресттиот фудбалер.
Барселона е во незавидна ситуација пред стартот на новата фудбалска сезона. Тренерот, Чави Ернандез, има само 13 пријавени фудбалери. Под знак прашалник се засилувањата кои пристигнаа во текот на летово. „Треба повеќе да го засилиме составот. Спортскиот оддел и претседателот го знаат тоа. Ќе видиме што ќе ни дозволи фер-плејот“ – нагласи Чави. Тренерот на шапнскиот состав се надева дека ќе може да ангажира најмалку уште двајца фудбалери.
Откако грчкиот АЕК побара од УЕФА да го исфрли Динамо Загреб од квалификациите за Лигата на фудбалските шампиони поради инцидентите во Атина, денеска се огласи и хрватскиот состав. – Жалиме што АЕК бега од одговорноста, ја подигнува тензијата и користи агресивен, хушкачки и непримерен речник за да прави притисок на УЕФА“ – стои во дел од објавата на „модрите“. – Динамо направи се што е во негова моќ да се избегне таа ситуација а најголема одговорност за инцидентите сносат организаторите, односно клубот и грчката полиција“ – се наведува меѓу другото во соопштението на тимот од Загреб.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го одложи мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб кој вечерва требаше да се одигра во Атина. Причината за тоа се вчерашните инциденти во кои еден грчки навивач е избоден до смрт додека преку 90 се приведени од полицијата од кои најголемиот дел се Хрвати. УЕФА допрва ќе излезе со соопштение кога ќе се одигра мечот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите
Македонските кошаркари ги добија противниците за квалификациот дел за Европското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во четири земји Кипар, Полска, Финска и Летонија. Ние ќе бидеме во групата – „Х“ заедно со Литванија, Полска и Естонија. Бидејќи полјаците се ко-домаќините на шампионатот и ќе имаат само формално учество, Македонија ќе треба да се бори за посакуваното место со Литванците и Естонците. Според распоредот, мечевите ќе бидат одиграни во термините од 19 до 27 февруари и од 18 до 26 ноември во 2024 година и од 17 до 25 февруари во 2025 година.
Играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, може да се пресели во Јувентус, пренесува денеска – „La Gazetta dello Sport“. Иако за Мароканецот беа заинтересирани Ал Ахли и Манчестер Јунајтед, се претпоставува дека тој би прифатил да замине во Торино. Неговиот трансфер треба да биде околу 25 милиони евра + бонуси. Фудбалерот од средниот ред во изминатата сезона одигра 49 мечеви за „виолетовите“ во сите конкуренции. Неговиот договор истекува догодина во јуни.
