Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашната победа на пенали против Севилја во Супер Купот на УЕФА, нагласи дека противникот одиграл одличен меч. „Севија ни создаде многу проблеми во првите 10 минути. Потоа влеговме во нашиот ритам и требаше да победиме во регуларниот дел“ – вели Гвардиола. „Едерсон нè остави во живот, пред некој ден загубивме на пенали а сега се радуваме. Задоволен сум, освоивме уште еден трофеј“ – потенцираше стрaтегот на „граѓаните“.
Author: dino
Ракометарите на Вардар со победата против Струга со 29:17, го отворија традиционалниот меѓународен турнир кој ќе трае до 19 август на отвореното игралиште -„Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга. Кај „вардарци“, најпрецизен беше Ален Ќосевски со пет голови додека по четири имаа Срдановиќ и Петриќ . На 51. издание на една од најстарите ракометни манифестации кај нас, покрај споменатите екипи ќе учествуваат и Алкалоид, грчкиот АЕК Атина, шведскиот Ескилстуна и српскиот Динамо Панчево.
Полскиот фудбалски репрезентативец, Пјотр Зиелински, ја одбил понудата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија само за да остане во Наполи, тврдат денеска Скај Спорт Италија и Калчомеркато. 29-годишниот играч од средниот ред се согласил да добие помала плата само да ја продолжи соработката со италијанскиот шампион. Иако имаше шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран и Лацио, Полјакот нема намера да ја менува средината.
Новото засилување на фудбалскиот тим Арсенал, Јуриен Тимбер, имаше малерозен старт на сезоната и заработи потешка повреда. Тој ги оштети лигаментите на десното колено и ќе мора да оди на рехабилитира барем неколку месеци, потврдија денеска – „топчиите“. Голгетерот се повреди на средбата против Нотингем Форест во првото коло од Премиер лигата. Ќе потсетиме дека Холанѓанецот беше купен од Ајакс за 38 милиони евра вклучително и бонуси.
Португалскиот фудбалски интернационалец, Бернардо Силва, ќе остане во Манчестер Сити до 2026 година а неговата откупна клаузула ќе биде 50 милиони евра, објавија медиумите во Англија. Иако за неговиот потпис беа заинтересирани ПСЖ и Барселона, „граѓаните“ ја одбија понудата од Франција додека со шпанскиот тим воопшто не контактираа. Силва за англискиот шампион игра од 2017 година, има 221 меч и 33 гола. За Португалија реализирал 82 средби и постигнал 11 голови.
Претседателот на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин, по денешната посета на Грција изјави дека насилството и хулиганството не се проблем само на една земја, туку на цела Европа. Првиот човек на УЕФА се сретна со премиерот Киријакос Мицотакис и со елитните грчки клубови. Главна тема беше насилството во Атина кое беше убиен еден домашен фан. „Насилството и хулиганството не се проблем само на Грција, туку и на цела Европа. Мораме да го искорениме тој рак од општеството“ – потенцираше меѓу другото Чеферин.
Возачот на Вилијамс во Формула 1, Алекс Албон, изјави дека во почетокот на сезоната никој не очекувал дека тимот ќе фигура на седмото место во поредокот кај конструкторите. Тоа сепак се случи откако со неговото возење искористи одредени ситуации и освои непланирани бодови пред се во Канада. „Да ни кажевте во почетокот на сезоната дека ќе бидеме седми, ќе дадевме се за тој пласман, така што работите одат добро. Треба да останеме фокусирани по летната пауза“ – изјави Албон.
Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, вчера во гостувањето на – „Скај Спортс“, зборуваше за актуелниот преоден рок и не штедеше критики за трансфер-активностите на неговиот некогашен тим Ливерпул.„Сите знаат дека Ливерпул е очаен со засилувања, понудиле 60 милиони фунти за Лавија, иако пред само неколку дена не сакаа да платат 50-ет. Тоа мора да било шега“ – вели Карагер. „Гледаме дека луѓето задолжени за трансфери не си ја завршија работата. Тоа се случува континуирано“ – нагласи поранешниот фудбалер на „црвените“.
Тренерот на Барселона, Чави и фудбалерот Рафиња, ќе бидат суспендирани за два меча откако заработија црвени картони на средбата со Гетафе. Бразилецот во саботата удри противнички играч во финишот на првото полувреме а Чави беше исклучен во 70-та поради жестоки протести. Ла Лига нема да покрене дополнителна постапка против Чави кој по завршувањето мечот го критикуваше судијата Градо. Барселона во наредните две кола ќе игра со Кадиз Вилјареал.
Фудбалерот, Робин Госенс, ќе го напушти составот на Интер и ќе се врати во татковината во екипата на Унион Берлин. Германскиот клуб успеал да го убеди 29-годишниот играч да направи трансфер. Тој денеска ќе ги помине медицинските прегледи. Дефанзивецот пристигна во Интер во почетокот на 2022 година. За „нероаѕурите“ постигна 5 голови и направи една асистенција на 58 средби.
