Документарниот филм – „Патот на Кобра до ѕвездите“, посветен на легендарната „деветка“ на Вардар и Црвена Ѕвезда, Дарко Панчев, ќе конкурира за наградите на 12-то издание на Меѓународниот фестивал за спортски филм на „Златибор“ кој ќе се реализира од 23-27 август во соседна Србија. Покрај филмот за Панчев работен во копродукција на Спортклуб, Спортско радио 90.3 и Спорт Нетворк Продукција а под покровителство на Универзитетот Скопје, на фестивалот ќе се појави и филмот за нашиот некогашен фудбалер, Милко Ѓуровски – „Луда глава“ поврзан со неговиот премин од Црвена Ѕвезда во Партизан и како и документарецот – „Среќна 13-ка“ посветен на…
Author: dino
Светскиот шампион во Мото ГП, Франческо Банаја, беше одличен на викенд-трката во Австрија и со новите поени само ја зголеми предноста во однос на конкурентите. „Ова е резултат на подобрувањата што ги направи Дукати на првите 10 трки но, останува еден проблем – „GP23“ е сè уште непредвидлив“ – вели Банаја. „На некои патеки како во Остин и Австрија сè ни излезе многу брзо и успешно“ – вели возачот во Мото Гран При шампионатот.
Француските медиуми објавија дека ПСЖ испратил понуда од 70 милиони евра за играчот на Ајнтрахт Франкфурт, Коло Муани, но истата била одбиена. Тоа доцна синоќа го потврди и спортскиот директор на клубот, Маркус Кроше. „Само треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите во наредните недели. Сега нема смисла да се зборува за бројки. Муани е навистина добар играч“ – вели Кроше. Деновиве се појави информација дека Муани ги договорил личните услови со ПСЖ. Германците за неговиот потпис бараат најмaлку 100 милиони евра.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Арсенал, Фоларин Балогун, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Челзи иако за неговите услуги се заинтересирани и Интер, Монако и Фулам. 22-годишниот Американец има откупна клаузула од 50 милиони што не треба да биде проблем за тимот од – „Стемфорд Бриџ“. Балогун во претходната сезона играше како позајмен во Рен. На 39 натпревари за францускиот клуб постигна 22 гола и направи 3 асистенции.
Барселона со головите на Гундоган и Педри успеа да слави против Кадиз и да стигне до првите три бода во новата сезона во Ла Лига. Тренерот на Каталонците, Чави, потенцира дека не е задоволен од ефиксаноста. „Немаме доволно трпение кога сме пред противничкиот гол. Сепак, задоволен сум од тимот и од прикажаната игра. Заслужена победа“ – изјави Чави и проговори за Левандовски. „Потребен му е само еден погодок да го скрши мразот, истото им треба на сите напаѓачи“ – изјави тренерот на Барселона.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој ја нема довербата на тренерот, Ерик Тен Хаг, може да биде ново име во шампионатот на Саудиска Арабија, најавија медиумите во Англија. Тој за екипата од „Олд Трафорд“ има одиграно 299 мечеви со ефект од 88 голови и 53 асистенции откако беше купен од Монако во 2015 година. Според одредени шпекулации, за потписот на 27-годишниот фудбалер се заинтересирани неколку елитни клубови од Саудиска Арабија кои нема да имаат проблем да ја платат неговата откупна клаузула.
Екипата на Вардар го освои победничкиот пехар на 51-то издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. „Црвено-црните“ во финалето го совлада составот на Алкалоид со 25-20. Мечот започна на отвореното игралиште но, откако временските услови се влошија, истиот продолжи во затворено во салата – „Тими“. Во победничкиот тим Срдановиќ постигна 12 голови додека во поразениот се издвои Серафимов со осум. Претходно, ракометарите на АЕК успеаја со пресврт да го совладаат шведскиот, Гуиф со 29:27 и да стигнат до третото место додека Динамо Панчево го освои петтото по победата против домаќинот Струга со 31:26.
Ракометарите на Вардар 1961 ќе играат во финалето на меѓународниот струшки турнир откако во интересен меч го совлада шведскиот состав Гуиф со 28 спрема 26 . Во победничкиот тим се издвои Петриќ кој имаше седум голови додека Јагуриновски даде пет а Лазаревски четири. Треба да се истакне и голманот на „црвено-црните“, Мартин Томовски, кој забележа 14 одбрани. Кој ќе му биде противник на Вардар во утрешното финале ќе дознаеме по вториот денешен дуел меѓу Алкалоид и грчкиот АЕК кој ќе започне во 20.40 часот.
Мечот меѓу Струга Трим Лум – Бреидаблик во последниото коло пред групната фаза во Конференциската лига ќе се игра на 24-ти август во Охрид. Иако имаше најави дека средбата ќе се игра во албанскиот град Елбасан, бидејќи арената „Тодор Проески“ е затворена, сепак УЕФА дозволи да се игра на теренот – „Билјанини извори“, иако не се исполнети критериумите. Сатницата допрва ќе биде одредена.
Фудбалскиот интернационалец од Грузија, Квича Кварачелија, нема да биде дел од екипата на Наполи на гостувањето кај Фросиноне на стартот на Серија „А“, велат последните информации од „Чизмата“. Еден од најдобрите фудбалери во минатата сезона кој помогна да се освои домашниот шампионат, бил преморен и затоа не е ставен на списокот. Тој во почетокот на август заработи повреда на ногата но, истата успешно ја санираше. Кварачелија во изминатата сезона одигра 43 средби со ефект од 14 голови и 17 асистенции. Мечот меѓу Фросиноне и Наполи ќе биде одигран в сабота од 18.30 часот.
