Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, ги демантираше шпекулации дека потпишал нов договор на две години со опција за продолжување на уште три и тоа за одлична сума од 150 милиони фунти. Леклер се пошегува дека со задоволство би потпишал таков договор.
„Посакувам да е вистина, звучи како одличен договор. Но, не, не склучив нови зделки и не преговарав“ – вели Леклер.
„Моите намери се сосема јасни. Дури на крајот на сезоната ќе разговараме за нов договор“ – изјави возачот на Ферари.