Author: dino

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не сака ниту да помисли дека напаѓачот Мохамед Салах, ќе замине во Саудиска Арабија. „Црвените“ во петокот ја отфрлиja понудата од 150 милиони фунти за 31-годишниот играч но, арапите најавуваат дека нема лесно да се откажат за потписот на врвниот голгетер. „Никој не дојде кај мене и не рече дека нешто може да се случи. Сигурен сум дека ќе ме исконтактираа. Знам дека Салах мисли само на Ливерпул“ – рече Клоп по победата против Астон Вила.

Read More

„Кориере дело спорт“ објави дека преговорите меѓу Наполи и фудбалерот,  Хвица Кварацелија за обновување на договорот се ставени во мирување. Двете страни требаше да седнат на преговарачка маса но, засега тоа е одложено. 22-годишниот Грузиец постигна 14 голови и даде 17 асистенции на 43 мечеви во претходната сезона кога неговиот тим ја освои Серија А. Грузиецот моментално добива само 1,4 милиони евра по сезона со надеж дека ќе се договори за зголемување на платата до 5 милиони.

Read More

Селекторот на кошаркарите на Литванија, Казис Максвитис, се осврна на големата победа против САД во рамките на групната фаза на Мундијалот. „Литванија е земја на кошарката и на одлични шутери. Имавме добар процент а кога тоа оди добро, нормално го искористивме како наше оружје“ – изјави Максвитис. Неговата селекција во првата елиминациска фаза ќе излезе на мегдан со Србија. Доколку успее да ја победи,  тогаш ќе го чека победникот од мечот меѓу Канада и Словенија.

Read More

Тотенхем може да го продаде дефанзивецот, Санчез, на Галатасарај. 27-годишниот фудбалер не е вклучен во плановите на Постекоглу и затоа планира да си замине. Колумбиецот наводно ги договорил личните услови со турскиот состав а двата клуба допрва ќе треба да ја прецизираат трансферната сума. Според медиумите во Англија, преговорите течат во добра насока и веројатно договорот ќе биде постигнат.

Read More

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, го објави составот за претстојните натпревари против Ирска и Германија. Тој не го повика Пол Погба бидејќи не е во посакуваната форма. „Погба постепено се опорави и добро е што имаше 20 минути на мечот на Јувентус. Враќањето во репрезентацијата би било избрзано. Му треба уште време“ – изјави Дешамп. Второто големо име што го нема кај „галските петли“ е Н’Голо Канте кој во летово го напушти Челзи и замина во Ал Итихад во Саудиска Арабија.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, застана во одбрана на новото засилување, Каи Хаверц. Фудбалерот иако одигра слабо на мечот со Јунајтед ја има поддршката од неговиот тренер. „Вчера му реков дека работите секогаш се тешки во почетокот. Кога ја сретнав мојата сопруга, во почетокот беше тешко да ја освојам но, бев упорен и постојано и испраќав пораки. На крајот завршивме заедно. Ако тоа се случеше по првиот состанок, немаше да биде толку слатко“ – рекол Артета. „Топчиите“ наредниот меч во Премиер-конкуренцијата ќе го одиграат на теренот на Евертон на 17 септември.

Read More

Светскиот шампион во Мото Гран При, Франческо Бањаја, имаше голема среќа во вчерашниот инцидент кога падна на патеката во Барселона. Тој поминал без скршеница на ногата откако беше прегазен од Брејд Бајндер. Возачот на Дукати прво беше пренесен во медицинскиот центар на патеката а потоа во болница. Таму е утврдено дека има „повеќе повреди но, без скршеници“. Бањаја доцна синоќа со тимот се вратил во Италија.

Read More

Познати се четвртфиналните двојки на СП во кошарка. Денеска е слободен ден а потоа ќе започнат мечевите од нокаут фазата. Утре од 10.45 часот, Литванија ќе оди на мегдан со Србија додека САД од 14.40 часот ќе се сретнат со Италија.  Ден потоа Германија и Летонија ќе стартуваат во 10.45 часот додека во попладневниот термин Словенија ќе игра со Канада.

Read More

Игор Стефановски – Иџе, имаше одлично возење во текот на викендот во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој во Словенија успеа да слави во најновата трка во календарот. Македонецот победи во двете возења и постави и нов рекорд на патеката. Иџе до титулата европски шампион го дели само уште една победа.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, се огласи преку социјалните мрежи откако тренерот, Тен Хаг, изјави дека го избришал за мечот со Арсенал. Холанѓанецот по поразот од „топчиите“, откри дека крилниот играч не бил активен на тренинзите и затоа не отпатувал за Лондон. „Нема да дозволам луѓето да кажуваат нешто што е невистина, бев многу добар на тренинзите . Верувам дека има други причина за оваа одлука, но не сакам да навлегувам. Долго време сум жртвено јагне и тоа не е фер!- напиша Санчо.

Read More