Тенисерката, Коко Гоф, со само 19 години ја освои првата грен слем титула откако доцна синоќа на домашен терен на Артур Еш стадионот ја победи Арина Сабаленка во финалето на Ју-Ес Опен. Американката по големиот успех, не заборави да ги поздрави Твитер критичарите и хејтерите на социјалните мрежи. „Благодарам на сите што не веруваа во мене. Пред еден месец победив на турнир од серијата 500 и тие рекоа дека е толку. Една недела подоцна победив на турнир од серијата 1000 и ми рекоа дека не можам подобро од тоа. Три недели подоцна еве, овде сум со овој трофеј. Ви благодарам“…
Author: dino
Новак Ѓоковиќ и Русинот, Данил Медведев, вечер ќе се сретнат во финалето на последниот сезонски Грен слем во Њујорк. Србинот пред мечот вели дека многу добро ја знае играта на противникот. „Тој е еден од најконстантните играчи тука во последните пет години. Финале во 2019 година, полуфинале во 2020 година, па триумф во 2021 година. Очигледно нешто многу му одговара тука“ – рече Ѓоковиќ. Машкото финале на Отвореното тениско првенство на САД е закажано за 22.00 часот.
Новак Ѓоковиќ утре во финалето на терените на САД против Медведев, ќе го брка рекордот на Маргарет Корт (Австралија) која има 24 титули од Грен слем турнирите. „Не размислувам многу за историјата. Само се обидувам да бидам максимално фокусиран на мојата игра и тактички да се подготвам за мечот“ – вели Србинот. „ Убаво е што секој Грен слем турнир ми дава нова можност да го израмнам рекордот. Не размислувам многу за тоа“ – потенцираше Ѓоковиќ.
Нејмар постигна два гола во квалификациите за Мундијалот во 2026 година против Боливија и успеа да го надмине легендарниот Пеле. Поранешниот играч на Барса и ПСЖ, сега има 79 голови за „кариоките“ или два повеќе од иконата на бразилскиот фудбал – Пеле. Нејмар првиот погодок на мечот со Боливија го постигна во 61. минута а вториот во финишот. Брзоногиот напаѓач ја предводи листата на која се: Пеле, Роналдо, Ромарио, Зико, Ривалдо, Роналдињо итн.
Салата – „Боро Чурлевски“ во Битола е во ново руво за новата сезона. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер в среда против Колштад од 18.45 часот ќе го одигра првиот меч во Лигата на шампионите. Општината заедно со јавните претпријатија, приватните фирми и приватниот партнер на клубот, ги направи инфраструктурните промени согласно пропишаните европски стандарди. Еурофарм Пелистер покрај мечот со Колштад, во Битола ќе игра и со Алборг, Кил, Сегед, Загреб, Киелце и ПСЖ.
Македонија и Италија денеска од 20.45 часот ќе се сретнат во рамките на новата рунда квалификации за Европското првенство. „Аѕурите“ се фаворити на хартија додека избраниците на Милевски очекуваат да извлечат поволен резултат и да ја прекинат серијата на порази. Двете земји досега се сретнале три пати. Во 2016 година Италија победи во Скопје со 3:2, во 2017 во Торино беше 1-1 додека во последниот меч во Палермо во рамките на баражот за Мундијалот, Александар Трајковски донесе сензационална победа на нашата селекција.
Египетскиот напаѓач, Мохамед Салах, нема да му се приклучи на Ал-Итихад за време на актуелниот преоден рок кој завршува денеска, 7 септември (четврток) во Саудиска Арабија. Салах дефинитивно ги одбил понуди за плата од 500 до 600 милиони евра за неколку години. Актуелниот шампион на С. Арабија во текот на летото го пополни составот со европски ѕвезди како Бензема, Канте и Фабињо
Кристијан Вуд ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс и ќе заработува 5,7 милиони долари во наредните четири години. Тој може да игра на неколку позиции и дефинитивно ќе биде значајно засилување за Лејкерси. Корпулентниот кошаркар во минатата сезона имаше просек од 16 поени и 7,3 скока по меч во дресот на Далас Маверикс. Тој има играно и за Хјустон Рокетс.
Лионел Меси е меѓу главните фаворити за освојување на – „Златната топка“ откако на крајот на минатата година ја предводеше Аргентина до светската титула. Кристијано Роналдо не се најде на листата за прв пат по 2005 година. Португалската ѕвезда вториот дел од минатата сезона го одигра во Ал-Наср во Саудиска Арабија. Карим Бензема, Мохамед Салах, Кевин Де Бруин и Ерлинг Халанд се меѓу номинираните за Златната топка.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ -денескаГерманија – Летонија 81-79Канада – Словенија 100-89 Полуфинале (петок)10.45 Канада-Србија14.40 САД-Германија Сабота ќе биде слободен ден. В недела прво во 10.30 ќе има битка за бронза а потоа од 14.40 ќе биде големото финале.
