Макс Верстапен го израмни рекордот на Себастијан Фетел за најмногу последователни победи во Формула 1 откако беше најбрз на домашното Гран При на Холандија. Тој успеа да дојде до деветиот триумф во серија.
Второто место му припадна на Шпанецот, Фернандо Алонсо со болидот на Астон Мартин додека трет низ целта помина Французинот, Пјер Гасли, со возилото на Алпин. Во топ 10 влегоа и : Перез, Саинц, Хамилтон, Норис, Албон, Пјастри и Окон.
Кај возачите неприкосновен лидер е Верстапен пред Перез и Алонсо додека Ред Бул речиси ја има титулата кај конструкорите. Наредната трка ќе биде возена на 3 септември за Големата награда на Италија на патеката – „Монца“.