Кејден Гровс од тимот Алпин-Декоенинк ја освои втората последователна етапна победа на Трката околу Шпанија.
Гровс (24) победи во последниот спринт на петтата етапа долга 185,7 километри од Мореа до Буриана. Тој ја мина целта со време од 4 часа, 23 минути и 43 секунди пред Италијанецот Филипо Гана (Инеос) и Белгиецот, Дрис ван Гестел (Тотал Енерџи)
Гровс сега го зголеми водството во трката за зелената маичка. Тој има 60 бодови повеќе од второпласираниот Андреа Вендрам (Италија/AG2R).