Author: dino

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, беше критички настроен кон неговите фудбалери кои вчера го совладаа Емполи со 7-0 и ја остварија првата сезонска победа. „Добар настап иако 7:0 нема значење. Имаше подеми и падови во физичката форма. Сите не беа подготвени да одиграат 90 минути со висок интензитет. Многу нешта не ми се допаднаа“ – вели Мурињо. „Волчицата“ сега има 4 бодови со што се искачи на 12. место во Серија „А“.

Read More

Ленс Строл, нема да ја започне неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур откако доживеа несреќа за време на квалификациите, објави неговиот тим Астон Мартин. „Тимот мораше да се справи со огромна работа за да го поправи болидот а Ленс сѐ уште има болки по таквиот шок“, се вели во соопштението на британскиот тим. Строл вчера силно удри во ѕид со полна брзина откорнувајќи голем дел од предниот дел од левата страна на неговиот болид пред да заврши на средината на патеката.

Read More

Tренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не почувствува потреба дека треба да им се извини на навивачите по вчерашниот тежок пораз со 5:1 во градското дерби со Интер.  „Дали некој мисли дека намерно примивме пет голови? Жал ми е но, мислам дека треба да се извини тој што прави нешто намерно. Навистина загубивме пет меча по ред од Интер но, верувам дека ќе бидеме подобри во иднина“ – потенцираше тренерот на „росонерите“. Вчерашниот пораз беше прв за Милан во тековната сезона во Серија „А“.

Read More

Александaр Чеферин од позицијата прв човек на УЕФА, вели дека Динамо Загреб, не може да биде казнет за инцидентите со трагичен крај во Атина бидејќи навивачите од Хрвaтска сами отпатувале за Грција. „Како можеше Динамо да знае дека хулигани и криминалци влегле во изнајмено комбе во два часот по полноќ и тргнале кон Грција?“. Се случи трагедија но, луѓето од Динамо Загреб не знаеја дека група навивачи отпатувала за Атина“ – вели Чеферин „Тоа се криминалци и идиоти кои сами се организираа. Дали би било правилно да се казнат клубот и 99,9 проценти од обичните навивачи поради неколку идиоти кои…

Read More

Тим Шервуд во улогата на коментатор на „Скај Спортс“, жестоко го критикуваше тренерот на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, откако „црвените ѓаволи“ загубија дома од екипата на Брајтон во рамките на Премиер лигата. „Не гледам дека направи барем еден фудбалер да биде подобар. Минатата сезона постигна солидни резултати, дојде во клубот во кој имаше мал хаос, мораше да се справи и со ситуацијата со Роналдо“ – вели Шервуд. „Тен Хаг има многу талентирани фудбалери но, ниту еден од нив не напредува“ – нагласи Шервуд.

Read More

Одбојкарите на Полска ја совладаа Италија со максимални 3:0 ( 25:20, 25:21 и 25:23) и го освоија златниот медал на Европското првенство. Во финалето во Бари, актуелниот освојувач на Лигата на Нации одигра фантастично и тотално го разби домашниот состав. Селекцијата на Словенија го освои бронзениот медал откако беше подобра од Франција со 3:2.

Read More

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека максимално се насочува кон утрешниот меч со Интер и дека не го интересира минатото. Според тренерот на „росонерите“, неговите играчи се подготвени да го добијат градското дерби. „Дефинитивно размислувам само за мечот. Дали Оливие Жиру е новиот Златан Ибрахимовиќ во соблекувалната? Има само еден Ибра а тимот порасна“ – вели Пиоли. „Не ме интересираат последните дерби мечеви. Симон Кјаер е подготвен да игра. Рафаел Леао се претвора во доминантен и клучен играч“ – вели Пиоли.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, ќе го носи дресот на Хајдук.  Тој потпиша договор до летото во 2025 со опција за продолжување на уште една година. Во Хрватска дојде како слободен играч откако му истече договор со Ал-Фејха од Саудиска Арабија. „Прекрасно е чувството да се дојде во Хајдук, сè помина добро и едвај чекам да се приклучам на тимот и да започнам со тренинзи. Ја знам хрватската фудбалска лига, играв пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што повторно ќе играм тука во голем клуб“ – вели Трајковски.   Нашиот интернационалец играше за Цементарница 55, Зулте Варегем…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се осврна на изјавите на поранешниот капитен Леонардо Бонучи како и на допинг скандалот околу играчот од средниот ред, Пол Погба. „Нема што повеќе да се каже за Бонучи. Тоа беше одлука на клубот. Можам само да му пожелам успех во фудбалот и надвор од него. Замина во клуб од Лигата на шампионите, тоа треба да го мотивира“ – вели Алегри. „Жал ми е за Погба. Процесот е во тек и останува само да чекаме. Не знам дали неговото отсуство ќе влијае на нашата игра“ – вели Алегри.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на  Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска имаше средба со новинарите пред утрешниот натпревар со Вест Хем во рамките на новото коло во Премиер-лигата. Искусниот стратег поради операција на грбот беше спречен да седи на клупата на „граѓаните“ на претходните два меча.   „Сега сум подобар. Докторот добро ја врши работата и секоја недела ќе биде подобра. Беше чудно да ги пропуштам мечеви  но, се беше во ред“ вели Гвардиола.

Read More