Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, кој направи голема грешка на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на фудбалските шампиони, доби поддршка од тренерот, Ерик тен Хаг и играчот од средниот ред Бруно Фернандеш. „Тој е одличен голман и не треба да презема никаква вина за ништо.“ – вели Португалецот. „Верувам дека Онана ќе има многу добри одбрани и ќе ни донесе многу бодови“ – беа зборовите на Фернандеш.
Author: dino
Вкупно седум возачи ќе имаат нови погонски системи на трката за Големата награда на Јапонија. Двајцата членови на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез ќе го користат последниот сет дозволен во една сезона. Промени ќе има и во болидот на Луис Хамилтон од Мерцедес, кај Оскар Пјастри од Мекларен, кај двајцата возачи на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл како и во возилото на Логан Сарџент од Вилијамс. Интересно е што сите наведени возачи користат погонски системи на Мерцедес.
Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, вели дека Ред Бул е огромен фаворит за победа на трката која ќе се реализира на легендарната патека – „Сузука“ во Јапонија. „Искрено се надевам дека Ред Бул нема да биде триесет секунди пред другите. Тие покажаа што можат да направат и навистина имам само пофални зборови за нив “ – вели Британецот. Трката за Големата награда на Јапонија ќе биде возена во текот на викендот.
Русинката, Марија Шарапова, иако се повлече од професионалните води пред три години, деновиве, изјави, дека тренира напорно за да го одржи телото во добра состоја. На нејзината изјава реагираше Дарија Севил, која некогаш настапуваше за Русија а сега ги брани боите на Австралија. „Јас очекувам уште едно враќање на Марија на терените. Никој не тренира како таа, можеби тоа значи дека сака да се врати на турнирите“ – вели Дарија.
Јулијан Дрекслер кој во текот на летото се пресели во Ал Ахли, објасни зошто се определи да ја напушти фудбалска Европа. „Сакав да запознаам нова култура, да учествувам во возбудлив проект во арапскиот свет. Би било лага ако се каже дека финансискиот дел не беше пресуден“ – вели Дрекслер. „Можеби не ни се допаѓа но, фудбалот во арапскиот свет се развива многу брзо со големите финансиски инвестиции. Останувам на мојата одлука“ – вели Германецот.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се осврна на вчерашната победа во Лига Европа на теренот на Шериф. Португалецот кој уште ја одработува казната од УЕФА, мораше да го следи мечот од трибините. „Не ми се допадна првото полувреме, бевме премногу бавни и немаше агресивност. Првиот гол го постигнавме среќно а потоа не направивме ништо иако ја контролиравме играта“ – вели Мурињо. „Во вториот дел ми се допадна реакцијата на тимот кога Шериф изедначи. Заслуживме да победиме“ – изјави „специјалниот“.
Оливер Кан, легендарниот голман на Германија и на Баерн Минхен, може да добие понуда да работи во екипата на Ал – Хилал, пренесува денеска весникот – „Билд“. Поранешниот директор на Баварците“ кој доби отказ во месец мај, сега може да ја има истата улога во клубот од Ријад. Германецот кој неодамна беше во посета на Саудиска Арабија, во 2017 година реализирал проекти заедно со фудбалската федерација на таа земја.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, проценува дека Манчестер Сити е главниот фаворит за освојување на трофејот во тековнава сезона во англиската Премиер лига. „Мислам дека никој не може да се бори со Сити за титулата. Ако има таков тим, тогаш тоа е можеби Арсенал. Невозможно е некој да се споредува со Сити“ – изјави поранешниот голман. „Граѓаните“ по пет кола имаат максимален ефект. Веднаш до нив се Ливерпул, Арсенал и Тотенхем кои имаат по 13 бода.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, изјави дека лондонскиот фудбалски клуб има опција да го купи напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кеј . – Ако Хари еден ден посака да се врати во Премиер лигата, ќе имаме можност да го купиме, беа дел од зборовите на Леви пренесени преку социјалните мрежи. Англискиот напаѓач кој во текот на летото се пресели во Германија за 100 милиони евра, успеа да постигне четири голови на четири натпревари во Бундеслигата и да забележи една асистенција. Договорот на играчот со Баварците е валиден до јуни 2027 година.
Македонската кик-бокс репрезентација која освои три медали на Европското првенство за кадети и јуниори во Истанбул, беше примена од страна на Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Нашата експедиција се врати од Турција со две сребрени и една бронзена медала. Силвио Мировски во битка за златото загуби од грчкиот натпреварувач, Ефстахиадис Христос. Марија Димовска стана новата европска јуниорска вице-шампионка додека Туркер Исмаил се искачи на третото место на пиедесталот.
