Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, вели дека Ред Бул е огромен фаворит за победа на трката која ќе се реализира на легендарната патека – „Сузука“ во Јапонија.
„Искрено се надевам дека Ред Бул нема да биде триесет секунди пред другите. Тие покажаа што можат да направат и навистина имам само пофални зборови за нив “ – вели Британецот.
Трката за Големата награда на Јапонија ќе биде возена во текот на викендот.