Author: dino

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, по триумфот против Брајтон во Купот на Англија, се надева дека неговиот тим  го направи првиот чекор кон излез од кризата. „За нас беше значајно да продолжиме напред. Целиот тим настапи одлично. Кол Палмер е многу талентиран играч и беше клуч за нашата победа“ – изјави Покетино и ја прокоментира и повредата на Бен Чилвел. „Ќе мора да оди на прегледи, мислам дека е проблем во бутот“ – нагласи тренерот на „сините“ од Лондон.

Read More

Возачот на „LCR Honda“, Алекс Ринс, по повеќе од три месеци поминати во амбулантата, ќе се врати на трките во светската класа. Тоа ќе се случи за време на Јапонското ГП. Шпанецот, кој догодина ќе вози за Јамаха, се повреди за време на спринтерската трка за Големата награда на Италија во почетокот на јуни. Ринс пропушти вкупно седум натпреварувачки викенди по што медицинскиот тим му дозволи да се врати на патеките.

Read More

Реал Мадрид доцна синоќа успеа да слави на домашен терен против Лас Палмас со 2-0 и да прокнижи нови бодови во Примера Дивизион. Веднаш по мечот тренерот, Карло Анчелоти, потврди дека двајца стандардни првотимци заработиле повреди. Станува збор за дефанзивците – Давид Алаба и Антонио Рудигер. „Давид нема да игра против Џирона. Рудигер исто така доби удар“ – изјави Италијанецот. Алаба кој беше заменет во првото полувреме има проблем со адукторот. Повредата на Рудигер не е толку сериозна.

Read More

Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов и капитенот, Дамјан Стојановски, денеска се појавија пред новинарите в пресрет на новата сезона во домашниот шампионат. „Добри ги поминавме подготовките. Го освоивме Супер-купот, покажавме дека имаме квалитет. Наша цел е повторно освојување на титулите на домашна сцена како и враќање во АБА 1 лигата“ – истакна капитенот Дамјан Стојановски. „Добро е што го сочувавме костурот на тимот кој е засилен со четворица странци и неколку квалитетни домашни играчи. МЗТ Скопје како најголем клуб во Македонија има една и единствена цел – да ги освоите сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува“ – рече…

Read More

Поранешниот македонски репрезентативец, Тодор Гечевски, е новиот спортски директор на кошаркарскиот клуб Работнички. Тој доаѓа на функцијата пред квалификацискиот турнир  за ФИБА купот кој ќе се организира од 2 до 5 октомври во Скопје. Тимот од „Градски парк“ ќе игра во квалификациската група „А“ заедно со Гронинген (Холандија), Сабах (Азербејџан) и Рапид (Романија). Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека стабилниот буџет во клубот треба да влијае позитивно и да донесе успешни резултати.

Read More

ФК Вардар најави дека на прес-конференција во СЦ Јане Сандански во Аеродром ќе ја открие целата вистина за лошата состојба во клубот. – Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром а која симболично ќе започне во 5 за 12 односно во 11:55 ч.- Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат а кои на крајот му го…

Read More

На крајот на 2024 година ќе им истечат договорите на 13 возачи во Формула 1. Тоа може да ја промени сегашната слика и да донесе изненадувачки рокади. Тука се издвојуваат Серхио Перез од Ред Бул, Фернандо Алонсо (Астон Мартин),  како и двајцата членови на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц. Во Алпин ќе им истечат договорите на Естебан Окон и Пјер Гасли. Тоа ќе се случи во уште три екипи – Хас (Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен), Алфа Ромео (Валтери Ботас и Гуанжу Жоу) и Алфа Таури (Јуки Цунода и Даниел Рикардо). Сите споменати имаат договори до крајот на…

Read More

4-кратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, може да се врати во другите тркачки конкуренции. Вчера беше објавено дека Германецот е во преговори со британскиот тим „Јота“ за учество на Светскиот шампионат во издржливост ( WEC) и „24 часа Ле Ман“. Фетел може да седне во возилото – „Jota Porsche 963 LMDh“ и да им се придружи на Џенсон Батон и Роберт Кубица. Се очекува Фетел догодина да тестира со прототип „LMP2“ а неговиот тим да учествува на „WEC“ со два прототипа од класата „Hypercar – Porsche 963“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, вели дека е задоволен од прикажаното на натпреварот против Кристал Палас. Неговиот тим вчера победи со 3:0 и влезе во осминафиналето на „Карабао купот“. „Одигравме добро, доминиравме. Кога не победувате, доаѓа разочарување. Сепак, ние не го загубивме единството. Тоа се виде денеска“ – рече  Тен Хаг. „Против Барнли направивме чекор напред во дефанзива. Со Кристал Палас покажавме дека се подобруваме во контролата на топката. Имаме уште многу работа но, одиме во добра насока“ – потенцирал Холанѓанецот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер Мајами, Мартино, ќе чека до последен момент за да донесе одлука дали Лео Меси ќе се појави во утрешното финале во Копа Америка против екипата на Хјустон. Аргентинскиот фудбалер поради повреда го пропушти неделниот меч против Орландо Сити. Според агенцијата АП, станува збор за повреда на ногата. „Ќе седнам со него и ќе видам како се чувствува. Веројатно заедно ќе договориме што да правиме. Ризици секогаш има но, мораме да ги минимизираме“ – вели тренерот на Интер Мајами. 

Read More