Поранешниот македонски репрезентативец, Тодор Гечевски, е новиот спортски директор на кошаркарскиот клуб Работнички.
Тој доаѓа на функцијата пред квалификацискиот турнир за ФИБА купот кој ќе се организира од 2 до 5 октомври во Скопје. Тимот од „Градски парк“ ќе игра во квалификациската група „А“ заедно со Гронинген (Холандија), Сабах (Азербејџан) и Рапид (Романија).
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека стабилниот буџет во клубот треба да влијае позитивно и да донесе успешни резултати.