Возачот во Формула 1, Серхио Перез, верува дека неговиот тимски колега од Ред Бул, Макс Верстапен, успеал да постигне подобар баланс на болидот RB19, што му помага да биде побрз и во исто време подобро да ги заштити гумите.
Мексиканецот последен пат успеа да го победи Холанѓанецот на трката во Азербејџан во Баку.
„Разликата во перформансите на нашите болиди е видлива. Тој успеа со неговото возење и зачувувањето на гумите да направи успеси“– објасни Перез.