Натпреварот од третото коло во групната фаза во Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Баерн Минхен синоќа имаше жешка увертира на улиците во Истанбул.Германските фанови додека се шетаа по улиците во турскиот град беа нападната од хулиганите на Галатасарај. Засега нема информација за приведени или повредени во жестоките пресметки.
Author: dino
Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хенрих Мкхитарјан го коментираше договорот со клубот кој му истекува на крајот од актуелната сезона. „Се чувствувам добро во клубот. Давам се од себе за да им помогнам на моите соиграчи. Работам на теренот а мојот агент се грижи за останатото“ – рече играчот. „Никогаш не сум бил одбранбен играч но, правам се што е можно за да помогнам и во нападот и во одбраната“ – вели играчот на Интер.
Фудбалерот, Мануел Локатели, постигна гол во мрежата на Јуве како член на Милан на 22-ри октомври во 2016-та година а точно седум години подоцна на истиот ден, донесе победа за „старата дама“ токму против „росонерите“. „Тој гол од пред седум години ми беше во мислите уште пред мечот. Ова навистина беше игра на судбината, неверојатно е дека постигнав гол на истиот ден, седум години подоцна но, со различен дрес“ – вели Локатели. „Знаев дека е истиот датум, тоа го зборував со сите во семејството и затоа овој гол им го посветувам нив, – изјави играчот на Јувентус.
Луѓето на Ливерпул внимателно ги следат настапите на централниот дефанзивец на Спортинг (Лисабон), Гонзало Инасио, кој според медиумите е трансферна цел и на челниците на Манчестер Јунајтед. Минатата недела скаутите на „црвените“ ги следеа настапите на Инасио во дресот на Португалија против Босна и Херцеговина во рамките на квалификациите за ЕП. 22-годишниот фудбалер има 129 настапи за првиот тим на Спортинг.
Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, веднаш ги стави во првата постава Каиседо и Фернандез на дуелот со Арсенал иако помина само краток период по нивното враќање од репрезентативните настапи во Јужна Америка. „Беше лудо тоа што фудбалерите од Јужна Америка пристигнаа в четврток наутро а во саботата мораше да играат. Сепак, морав да ги ставам во стартниот тим, ако не го направев тоа, вие ќе ме убиевте но, истото важи и за газдата“ – рече Аргентинецот пред новинарите. „ Не е лесно да се игра после таков пат, се надевам дека ќе бидат во најдобро светло за наредниот меч, –…
Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, Папу Гомез, ќе биде суспендиран во наредните две години поради позитивен резултат на допинг, објави денеска Фабрицио Романо на неговиот профил на социјалната мрежа – „Фејсбук“. Во објавата се потенцира дека Гомез допрва ќе ја дознае казната без да се наведе кога се земени примероците за анализа. Фудбалерот на „гаучосите“ кои се актуелни светски шампиони, пред неколку месеци се раздели со шпанската Севилја и потпиша со италијанската Монца која настапува во Серија „А“.
Карате федерацијата на Македонија по повод настапот на 26-то светско првенство за сениори во Будимпешта, Унгарија од 24-29 октомври, денеска во просториите на АМС одржа средба со новинарите. На истата проговорија Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, вд претседателот на Карате федерацијата, Бесник Мурати, селекторите Александар Кузмановски (борби) и Стојан Андриевски (кати) како и дел од нашите најдобри репрезентативци: Емил Павлов, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Давид Спасовски и Вероника Костовска. Сите се едногласни во оценките дека македонското карате може да го продолжи трендот на освојување на медали и на значајниот собир во Унгарија иако конкуренцијата ќе биде исклучително тешка.
Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, полека се опоравува од повредата но, нема да игра на мечот со Барнли закажан во текот на викендот, најави тренерот на „сините“, Маурисио Покетино. Тоа значи дека Мело Густо и Марк Кукурела се единствените што ќе конкурираат за позицијата на десен бек. Аргентинскиот тренер не сака да ризикува со повредата на Џејмс и затоа ќе мора да бара друга опција за страничниот дел во одбраната.
Екипите од Премиер-лигата, Њукасл, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, ќе конкурираат за потписот на големиот талент на Баер (Леверкузен), Флоријан Виртц. Покрај англиските екипи, за младиот фудбалер е заинтересирана и Барселона но, Каталонците тешко дека ќе издвојат 70 милиони евра за 20-годишниот репрезентативец на Германија. Виртц во сезонава одигра 10 средби со ефект од три гола и четири асистенции.
Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе бара 25 милиони евра за потписот на Мејсон Гринвуд кој сезонава ја игра како позајмен во шпанскиот состав Хетафе. Тој беше принуден да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ поради бурните реакции околу неговото апсење за наводен напад врз неговата девојка. Иако судењето подоцна беше прекинато откако госпоѓата ја повлече жалбата, „црвените ѓаволи“ го одалечија од тимот.
