Аитана Бонмати кој настапува за екипата на Барселона е прогласена за најдобра фудбалерка за 2023 година и ја доби наградата – „Златна топка“. 25-годишната одлична фудбалерка дојде до пехарот во Примера, во Лигата на шампионите и во Супер-купот. Со селекцијата на Шпанија успеа да го освои и Светското првенство. Добитникот на наградата имаше чест да го прогласи тенисерот, Новак Ѓоковиќ, кој е посебен гостин на церемонијата во Париз.
Author: dino
Норвешкиот напаѓач и член на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ја доби наградата – „Герд Милер“ за најдобар голгетер што традиционално ја доделува – „Франс фудбал“. Тој со 56 голови во сите конкуренции, беше еден од најзаслужните за освојување на трите пехари во изминатата сезона. – Благодарам за Манчестер Сити, за моето семејство, за сите што придонесоа да бидам тоа што сум денес“ , рече Халанд. Барселона е најдобар женски тим додека признанието за најдобар машки состав го доби освојувачот на Лигата на шампионите – Манчестер Сити. Винисиус Жуниор ја доби наградата „Сократ“ за борбата против расизмот и за едукација во Бразил.
Емилијано Мартинез ја доби наградата за најдобар голман за 2023 година од „Франс Фудбал“ на свеченоста во Франција. Тој беше дел од репрезентацијата на Аргентина која стана светски шампион на последниот Мундијал во Катар. 31-годишниот голман кој денеска го доби признанието – „Лав Јашин“, има одлични мечеви во Англија во дресот на Астон Вила.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е прогласен за најдобар млад играч за 2023 година на доделувањето на „Златната топка“ во Париз. Поранешниот члена на Борусија Дортмунд има фантастичен почеток кај „кралевите“ откако на 13 натпревари постигна исто толку голови. Последните два донесоа голема победа во „Ел класико“ против Барселона. „Ви благодарам на сите што ме поддржувате од Бирмингем, преку Борусија Дортмунд и сега во Мадрид. Доаѓа уште повеќе од мене“ – изјави Белингем откако го доби признанието – „Рејмон Копа“.
Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру призна дека фудбалерите „не знаеле дали да напаѓаат или да се бранат“ по првиот гол на Наполи во дербито во Серија А. Неговиот тим на полувремето имаше предност од 2-0 но, домаќинот успеа да извлече нерешен резултат 2-2. „ Нивната самодоверба порасна откако го постигнаа првиот гол и не знаевме дали да нападнеме или да се браниме. Разочаран сум“ – изјави 37-годишниот фудбалер на „росонерите“.
Фудбалерот на Јувентус, Тимоти Веа, има повреда на мускулот на ногата и ќе паузира подолг период. Американскиот репрезентативец ќе ги пропушти претстојните натпревари на „Старата дама“ против Фиорентина и Каљари. Лекарите се надеваат дека Веа ќе биде подготвен за дербито против Интер закажано на 26 ноември. 23-годишниот играч пристигна во Торино во изминатото лето од францускиот состав Лил.
Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички го назначи Горан Самарџиев за нов тренер за продолжението од сезоната. Откако Димитар Мираковски доби отказ по дербито со МЗТ Скопје, Самарџиев, кој во минатото играше за екипата од Градски парк, сега ќе има друга улога. Тој доаѓа од словачкиот Комарно во кој се задржа краток период. Претходно, работеше и во тимот на Еуро Никел.
Хорхе Мартин имаше одличен викенд на Тајланд. Тој на патеката во Бурирам прво победи во спинтот а потоа и на главната трка од ГП шампионатот во мотоциклизам. Франческо Бањаја го освои второто место додека Бред Биндер го пополни третото на подиумот. Марко Бецеки беше четврти а по него се наредија: Алеиш Еспаргаро, Фабио Квартараро, Марк Маркез, Лука Марини и Фабио ди Џанантонио. Бањаја води во генералниот пласман пред Мартин. Наредната трка ќе биде возена за Големата награда на Малезија.
Двајцата родители на фудбалерот на Ливерпул, Луиз Дијаз, кои денеска беа киднапирани, се ослободени по голема полициска акција во Колумбија. Според тамошните медиуми, полицијата прво ја ослободила мајката Силенис Маруланда а потоа и таткото Луис. Киднапирањето е извршено во Баранкас, родниот град на Дијаз. Во акцијата за ослободување на киднапираните биле убиени две лица кои наводно, сакале да изнудат пари од играчот на „црвените“.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе стартува од првата позицијата на денешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Мексико. Неговиот тимски колега, Саинц Јуниор, ќе биде исто така на чело на колоната заедно со актуелниот шампион, Макс Верстапен. Зад нив меѓу првите десет ќе бидат наредени: Даниел Рикардо, Серхио Перез, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Валтери Ботас и Гуанжу Жоу.
