Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа и четвртиот пораз во Лигата на шампионите. Тие денеска загубија кај ПСЖ со 31:26.
Во редовите на Еурофарм Пелистер се издвоија Пешевски, Тајник и Борзаш со по 5 погодоци додека кај домаќинот Камил постигна седум.
Битолчани во наредното коло ќе играат со хрватскиот состав Загреб кој денеска одигра нерешено со Алборг.