Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за гостувањето кај Загреб во новото коло во Лигата на шампионите. Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, се надева на добра партија на дуелот во Хрватска.
„Во седум дена нè очекуваат три тешки натпревари од кои два во Лигата на шампионите. Првиот е против Загреб в четврток. Тие се во нагорна линија, го совладаа Колштад и ремизираа со Алборг“ – вели Јовиќ.
„Ние против Кил и ПСЖ покажавме дека напредуваме. Со Загреб ќе бркаме прва победа во Лигата на шампионите, потоа ни доаѓаат Вардар и Киелце, сигурен сум дека во сите три натпревари ќе дадеме максимум“ – изјави Јовиќ.