Author: dino

Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, му даде подарок на тренерот, Зинедин Зидан, кој вчера со победата против Еибар прослави јубилеј на клупата на „кралевите“. За францускиот стратег тоа беше 250-от натпревар. „Живеам за фудбалот и секој ден што го поминувам како тренер на Реал Мадрид. Не сакам јубилеи, бидејќи не живеам во минатото туку во сегашноста“ – вели Зидан. Најмногу натпревари на клупата на„белите“ има легендарниот Мигел Муњоз (605).

Read More

Фудбалерите на Јувентус по вчерашното реми со градскиот ривал Торино, (2:2) полека заостануваат во трката за шампионската титулата во Серија „А“. „Старата дама“  има голем минус од `12 бодови зад лидерот Интер а медиумите во Италија веднаш започнаа со шпекулации дека тренерот , Андреа Пирло, набрзо ќе заработи отказ.  Според наведеното, судбината на стратегот на Јуве ќе зависи од заостанатиот меч против Наполи закажан за в среда. Претходно имаше одредени најави дека челниците на Јуве стапиле во контакт со неколку тренери меѓу кои и Масимо Алегри.

Read More

Кружниот напаѓач на ракометниот состав Еурофрам Пелистер, Елмир Граџан, по вчерашниот пораз на теренот на Татран Прешов, во СЕХА лигата, вели дека екипата ќе се обиде да се врати во добар ритам. „Натпреварот беше навистина добар, мислам дека и ние бевме добар противник од самиот почеток. Имавме тежок пат, многу натпревари и овој пораз е последица на сите тие фактори.Мислам дека игравме наша игра, наш систем и се враќаме на вистинскиот пат“ – рече Граџан. Битолчани најверојатно во групата „Б“ ќе бидат втори што значи дека имаат реални шанси да се сретнат со Мешков Брест во четвртфиналната пресметка.  

Read More

Денеска од 15.00 часот ќе бидат одиграни пет средби од 25 коло во елитниот фудбалски шампионат на нашава земја. Еве ги двојките: Битола: Пелистер – Вардар Тетово: Шкендија – Силекс ФФМ: Шкупи – Ренова Струга: Струга Трим Лум – Беласица Скопје: Работнички – Борец Вчера Академија Пандев славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 2 спрема 1. ТАБЕЛА: Шкендија 53 бода, Шкупи 46, Македонија ЃП 41, Струга ТЛ 34, Работнички 33, Борец 33, Академија Пандев 31, Пелистер 29, Вардар 27, Силекс 26, Ренова 24, Беласица 14.

Read More

македонската фудбалска „икона“ , Горан Пандев, кој стана највозрасниот фудбалер што постигнал погодок против Германија во квалификациите за Мундијалот, се огласи на социјалните мрежи. -Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. храбрите ги прати среќата. со борба, верба и срце на терен оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект – напиша Пандев. Пандев кој вчера го постигна 37-от гол за репрезентацијата, доби честитки и од неговиот клуб, Џенова.

Read More

Германските медиуми сосема очекувана „фрлаат со дрва и камења“ кон избранциите на Јоаким Лев кои по 20 години претрпеа пораз во квалификациите за Муднијалот. Еве дел од реакциите – Тимот го имаше едно од најлошите изданија против 65-та рангирана Северна Македонија во Дуизбург. – Фала му на Господ, Лев го имаше својот последен квалификациски натпревар за Светското првенство, поради неговото пензионирање по ЕУРО 2020. –Одбраната синоќа потсетуваше на тимовите од Бундеслигата 2. Ова не е навреда за тимовите од Бундеслигата 2. – Патетично. Северна Македонија го заврши мечот со 4 удари (3 кон противничкиот гол) наспроти 11 удари на Германија…

Read More

Големите фудбалски имиња од Германија и Италија, Јирген Клинсман и Алексадро дел Пиеро, во анализата за „ЕСПН“ се осврнаа на вчерашната голема победа на Македонија на теренот на четирикратниот светски шампион Германија. „Ова е голем шок за Германија, но Македонија заслужи да победи поради дрскоста и пристапот кон играта. Македонија на моменти покажуваше брилијантност која ја однесе до победата. А германските репрезентативци ќе биде подобро да се скријат неколку денови “ – Клинсман. „Знаете, се случуваат вакви работи и не е ништо чудно. Малку ќе се опуштите, па уште во ситуација кога нема публика да ве поттикне тогаш можете да бидете…

Read More

Клубовите од англиската фудбалска Премиер-лига платиле вкупно 272,2 милиони фунти како трошоци за агентите задолжени за трансфери од почетокот на 2020 година до февруари 2021 година. Во тој период, тимот на Челзи има најмногу трошоци и покрај пандемијата со Ковид-19. Лондончани ги привлекоа Тимо Вернер, Хаким Зијаш, Бен Чилвел, Каи Хаверц и Едвард Менди а нивните менаџери добија вкупно 35,2 милиони фунти. Лидерот на табелата, Манчестер Сити потроши 30,1 милиони фунти на провизии на агенти додека Манчестер Јунајтед им плати 29,8 милиони фунти на менаџерите. Најмалку пари потроши Вест Бромвич – 4,2 милиони фунти.

Read More

Американската компанија –„Fenway Sports Group“ , која е сопственик на Ливерпул, продаде 10% од акциите на приватната инвестициска компанија –„ RedBird Capital Partners“. Договорот е вреден 638 милиони евра и ќе им олесни на „црвените“ да се справат со ефектите од пандемијата. Тоа значи дека кошаркарската мега-ѕвезда, Леброн Џејмс, кој е малцински акционер во Ливерпул од 2011 година, ќе има поголем капитал. Леброн и неговите деловни партнери Маверик Картер и Пол Вотер ќе бидат дел од заедничкото управување на „FSC“ и „RedBird Capital Partners“. Ливерпул поради пандемијата претрпе загуби од 141 милиони евра во текот на изминатата година.

Read More

Ракометната федерација на Македонија упати честитка до фудбалската репрезентација на Македонија за победата од 2:1 на гостувањето кај Германија во квалификациите за Светското првенство. „Ракометната Федерација на Македонија упатува големи честитки за победата на нашите најдобри фудбалери на чело со EL Grande Пандев против селекцијата на големата Германија. Секоја чест за големата победа , хомогеноста во целиот тим и силниот карактер во текот на целиот натпревар .Момци со Вас сме !“, напиша ракометната репрезетнтација на социјалните мрежи.

Read More