Ракометарките на Ѓорче Петров дојдоа на чекор до осминафиналето во ЕХФ Купот откако денеска славеа на гостувањето во Белгија против Еупен со убедливи 46 спрема 39.
Нашиот тим со обезбедената позитива од 7 голови практично ја отвори вратата за наредната рунда бидејќи реваншот ќе се одигра на 19 ноември во Скопје.
Најзаслужни за денешната победа се Коларовска со 10 и Николовска со 9 постигнати голови.