Ракометарите на германскиот Магдебург трет пат во серија го освоија победничкиот пехар на неофицијалното светско клупско првенство.
Тие во финалето на така наречениот – „Супер Глоуб“ во Саудиска Арабија славеа по продолжение против Фуксе Берлин со 34-32 откако мечот во регуларниот дел заврши 29:29.
Смарасон и Лагергрен се издвоија кај победникот со 7 голови додека кај Фуксе најпрецизен беше Гидсел со девет.