Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, вели дека експедицијата не пристигнала туристички во Рим тука сака да обезбеди позитивен резултат против Италија во квалификациите за ЕП. „ Секој натпревар е посебна приказна. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто. Сме во фаза на создавање млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Момците кои добиваат минутажа ја оправдуваат довербата“ – вели Милевски„Немаме резултатски императив но, секогаш кога настапувате за државата мора да дадете се од себе. Италија влегува меѓу трите најдобри селекции…
Author: dino
Антони Шериќ ги коментираше последните преговори меѓу тренерот Игор Тудор и Наполи со објаснување зошто не е постигнат договор меѓу двете страни. „Клубот има многу јасна позиција. Тие сакаат тренер за одреден стил на игра а Игор сака проект на кој ќе биде долгорочно посветен. Никогаш не би прифатил договор за седум месеци“ – вели Шериќ кој му е агент на Хрватот. „ Игор има принципи а парите се на второто место. Тие едноставно имаат различни идеи со Наполи“ изјави Шериќ.
Екипите на Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив од Израел, домашните дуели во фудбалските натпреварувања под капата на УЕФА ќе ги играат во Србија пред празни трибини. Европската куќа на фудбалот дозволи таков развој на настаните со израелските екипи поради воениот конфликт на тој дел од светот. Според програмата, Хаифа мечот со Рен од групната фаза во Лига Европа ќе го одигра на 30. ноември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Составот од Тел Авив ќе се сретне со Зорја на 14. декември на стадионот „ТСЦ“ во Бачка Топола во групната фаза во Конференциската лига.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го забележа третиот пораз во серија во квалификациите за ЕП откако денеска во Скопје загубивме од Грузија со 1-0. Клучниот момент се случи по девет минути игра во второто полувреме кога Маматашвили постигна убав гол од далечина за водство на Грузија од 1-0 што беше доволно да ги освои трите бода. Македонија е претпоследна во групата со три порази и една победа. Зад нас е само Гибралтар. На врвот води Холандија пред Грузија, Шведска и Молдавија.
Мари Луиз стана првата жена помошник тренер во историјата на машката Бундес -лига како и во речиси целиот европски фудбал. Родена е во 1992 година во Дрезден а настапуваше за екипите на Потсдам, Хамбург, Клопенбург и Вердер Бремен. Таа ќе му помага на Марк Гроте во Унион Берлин откако тренерот, Урс Фишер, заработи отказ поради лошите резултати. Унион по 11 одиграни кола го зазема последното место во германскиот елитен шампионат.
Стадионот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано, официјално поднесе кандидатура за домаќинство на финалето во Лигата на шампионите. Градоначалникот го потврди предлогот стадионот да биде домаќин на завршниот меч во 2026 или 2027 година. Доколку понудата биде прифатена, тогаш финалето ќе се врати во Милано по 10 години откако во 2016 –та Реал Мадрид на пенали го совлада Атлетико. Tаму се одиграа и финалињата во 1965, 1970 и 2001 година.
Јутјуберот, Логан Пол, објави дека ќе престане да боксува. Популарниот блогер ја објави веста во интервју за – „Fox Business“. Тој додаде дека ќе се фокусира на настапите во борењето во „WWE“ организацијата. „Мислам дека се повлекувам од боксот. Направив доволно во тој спорт. Сега ќе бидам борач“ – изјави Американецот кој пред само еден месец го победи ММА борецот Дилан Данис во боксерски меч во Манчестер. Пол имаше и ревијален меч со легендарниот боксер, Флојд Мејведер, кој заврши без победник.
Спортскиот директор на Барселона, Деко, вели дека клубот нема да брза да му го продолжи договорот на фудбалерот од средниот ред, Фрeнк де Јонг. „Оваа година нема да правиме обновување на договорите. Френки е одличен играч, ми се допаѓа. Има и други во слична ситуација, Педри, Рафиња и Феран“ – вели Деко. „Се ќе зависи од него и од ситуацијата во клубот. Се разбира, Де Јонг е одличен играч а ние сакаме да имаме такви играчи“ – изјави Деко.
Луѓето од Тотенхем може да испратат понуда за фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, велат последните информации од Англија. Воедно, 28-годишниот Италијанец не крие дека сака да се натпреварува на највисоко ниво и да ги покаже неговите квалитети во Премиер конкуренцијата. Играчот од средниот ред може да биде совршено засилување за Тотенхем. Се претпоставува дека трансферната сума нема да надмине 30 милиони евра.
Ракометарите на Алкалоид го претрпеа вториот пораз во Европската лига на ЕХФ. Тие денеска загубија на домашен терен од Силкеборг со 31-23. Данскиот тим во СЦ „Јане Сандански“ максимално ја оправда улогата на голем фаворит. Скандинавците по слабиот почеток влегоа во серија и набилдаа предност од 14:8 со што практично ја најавија победата. Во нашиот тим, Џонов постигна седум голови а Серафимов дојде до пет. Голманот, Трајковски имаше 11 одбрани. Денешните противници ќе се сретнат и во наредното коло и тоа на теренот на Силкеборг.
