Author: dino

Легендата на југословенскиот фудбал, Блаж Слишковиќ, е најсериозниот кандидат за селектор на фудбалската репрезентација на Косово. Тој треба да го наследи Примож Глих кој си замина по неуспешните квалификации за Европското првенство во 2024 во Германија. Косово заврши на петтото место во групата зад Романија, Швајцарија, Израел и Белорусија.

Read More

ПСЖ ќе треба да уплати во касата на УЕФА 98.000 евра поради инцидентите на мечот со Милан во Лигата на шампионите одигран на 25 октомври на „Паркот на принцовите“. Од нив, 75.000 евра за чадни бомби, 18.000 евра за блокирање патеки на трибините и 5.000 евра поради влегувањето на навивачи на теренот. Згора на тоа стадионот на парискиот клуб ќе биде делумно затворен за европските натпреварувања. Казна од 23.000 евра е одредена и за тимот од Италија откако неговите фанови користеа чадни бомби а беа инволвирани и во инцидентите пред мечот.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед,  Лук Шо, по три месеци пауза поради повреда, конечно се врати во тренинг процес. Левиот бек гледано од месец август, мораше да пропушти 16 мечеви на „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања како и шест средби за селекцијата на Англија. Иако се очекуваше Шо да биде надвор од терените краток период, сепак, неговата повреда се покажа како многу посериозна. Во негово отсуство, бековската позиција ја покриваа: Серхио Регијон, Диого Далот и Софијан Амрабат.

Read More

Англиските фудбалски состави Арсенал и Њукасл, имаат намера да го вратат Рубен Невеш во Премиер Лигата. Поранешниот играч од средниот ред на Вулверхемптон во текот на летото се пресели во Саудиска Арабија во Ал Хилал заедно со Нејмар, Калиду Кулибали и Александар Митровиќ. Неговиот тим е на врвот на табелата по 13 натпревари со четири бодови повеќе од Ал Наср за кого играат Садио Мане и Кристијано Роналдо. Португалскиот играч од средниот ред има 253 мечеви за Вулверхемптон со ефект од 30 погодоци и 13 асистенции.

Read More

Тенисерите на Финска успеаја да ја совлада Канада со 2-1 во меч од четвртфиналето во Дејвис Купот. Канаѓаните претходната година го освоија турнирот но, сега не успеаја да влезат меѓу најдобрите четири селекции. Во првата средба Милош Раониќ го совлада Финецот Патрик Каукалта со 2-0 по сетови 6:3 и 7:5. Во вториот натпревар, Ото Виртанен беше подобар од Канаѓанецот, Габриел Диало (6:4, 7:5). Во двојки, Виртанен и Хари Хелиоваара ги победија Васек Поспишил и Алексис Галарно со резултат 7:5, 6:3. Во полуфиналето Финците ќе играат со победникот од натпреварот меѓу Чешка и Австралија. Рекордер по победи на Дејвис купот е…

Read More

Ветеранот во редовите на Баерн Минхен, Томас Милер, не размислува за пензионирање. Тој најави дека ќе продолжи да игра и во наредната сезона 2024/25. Договорот на 34-годишниот плејмејкер со Баварците истекува догодина во јуни. „Сигурно сакам да играм барем уште една година. Уживам во времето на теренот и се надевам дека тоа ќе продолжи“ – рече Милер. Тој целата кариера ја помина во германскиот состав и освои 12 титули во Бундес-лигата. Има 715 настапи и 253 гола.

Read More

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд поради повреда, објавија италијанските медиуми. Португалецот се опоравува од повредата на десната бутина здобиена на натпреварот против Лече. Тој нема да може да се опорави навреме и за првенствениот натпревар против Фиорентина Леао оваа сезона постигна четири гола на 16 настапи во сите натпреварувања а имаше и четири асистенции.

Read More

Марк Маркез ги демантираше гласините дека догодина ќе вози за Дукати во Мото ГП без пари иако финансиските услови од неговиот 1-годишен договор со тимот остануваат тајна. Маркез објасни дека финансиската страна на неговиот трансфер не е најважна. „Со текот на годините имав среќа што се за мене се развиваше добро и парите сега не се приоритет. Можам да ви кажам дека следната година повторно ќе бидам меѓу најплатените возачи во MotoGP“ – вели Маркез.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација со нерешен резултат против Англија ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2024. На Националата арена „Тодор Проески“  одигравме машки, борбено и бескомпромисно против „Гордиот Албион“ кој и немаше посебен мотив бидејќи од претходно си го обезбеди првото место во група. Македонија поведе во 41 минута откако во шеснаесетникот Луис го удри Миовски во лицето по што главниот судија Глова по проверка на ВАР досуди пенал. Енис Барди шутна, Пикфорд одбрани но, нашиот играч натрча на одбиената топка и ја смести во долниот десен агол. Изедначувањето дојде во 59 минута кога по корнерот Хари Кејн и Атанасов…

Read More

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Челзи, Флоран Малуда, се обиде да ја анализира моменталната состојба во лондонскиот клуб. „Освен бојата на униформата не го препознавам клубот. Мислам дека менаџментот премногу се фокусира на зборување за проектот. Во наше време дури и тренерите кои имаа успеси веднаш беа отпуштани  доколку имавме слаба серија“ – вели Малуда. Четата на Челзи што сега ја предводи, Маурисио Покетино, се наоѓа на 10-тото место на табелата во Премиер-лигата.

Read More