Author: dino

Атлетико Параненсе објави дека фудбалерот, Витор Роке, во јануари ќе му се приклучи на шпанскиот гигант Барселона. Каталонците за неговиот потпис ќе платат 40 милиони евра плус 21 милион како бонуси. 18-годишниот фудбалер ќе добие договор за седум сезони. Роке му се приклучи на Атлетико во почетокот на 2022 година и постигна 28 голови на 80 натпревари.

Read More

31-годишен навивач на Нант почина откако доцна синоќа беше нападнат од фанови на Ница пред дуелот во Лига 1.Францускиот состав за трагичниот настан информираше преку соопштение. Фудбалскиот клуб Нант со голема тага ја прими веста дека еден навивач почина пред дуелот со Ница откако добил убод од нож во грбот. Клубот Нант изразува сочувство до семејството и пријателите за жртвата“, соопшти францускиот тим. Јавното обвинителство објави дека е отворена истрага за убиството.

Read More

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на митингот што се одржа во Валенсија. Нашиот маратонец на крајот го обезбеди 50. место откакопатеката од 42,2 километра ја помина 2 часа, 11 минути и 53 секунди. Тоа е за повеќе од шест минути подобро од претходниот рекорд кој беше во негова сопственост поставен на 15 мај во 2022 година.

Read More

Денеска во Хамбург беа формирани групите за Европското фудбалско првенство во Германија во 2024. Група А: Германија, Унгарија, Шкотска, ШвајцаријаГрупа Б: Шпанија, Албанија, Хрватска, ИталијаГрупа Ц: Англија, Данска, Словенија, СрбијаГрупа Д: Франција, Австрија, Холандија, победник од плеј-оф лига АГрупа Е: Белгија, Романија, Словачка, победник од плеј-оф лига БГрупа Ф: Португалија, Турција, Чешка, победник од плеј-оф лига Ц Во групната фаза учествуваат 24 селекции. Првите две и четирите најдобри трети одат во осминафиналето.Континеталниот собир ќе започне 14 јуни на „Алијанц Арена“ во Минхен додека финалето на 14 јули е закажано на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Read More

Безбедноста за време на Олимписките игри во Париз ќе биде организирана на многу високо ниво, според стручната проценка, соопшти извршниот директор на МОК, Кристоф Дуби. „Не можам да шпекулирам што ќе се случи за време на Олимписките игри. Можам да ве советувам да ги насочите прашањата до надлежните органи кои се одговорни за безбедноста“ – изјави Дуби. Во последно време во Париз редовно се одржуваат демонстрации а има и секаков вид на протести.

Read More

Луѓето од Ливерпул планираат во наредното лето да испратат понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мален, велат последните информации на „Билд“. 24-годишниот играч и пред две сезони влегуваше во плановите на „црвените“ но, трансферот не се случи. Крилниот напаѓач за „милионерите“ има одиграно 91 натпревар со ефект од  24 голови и 16 асистенции.

Read More

Евертон неодамна беше казнет со одземање на 10 бодови поради регулативите за финансиски фер-плеј а до крајот на годинава ќе треба да испрати финансиски извештај за сезоната 2022/23. Ако се утврдат нови нерегуларности, „карамелите“  повторно ќе бидат казнети со одземање на бодови. Евертон во период од три години ја помина дозволената финансиска граница на Премиер лигата кога станува збор за негативно салдо.

Read More

Интер е во преговори за ангажирање на играчот од средниот ред на Каљари, Наитан Нандез. Фудбалерот има право во јануари да потпише прелиминарен договор со миланскиот клуб. Уругваецот е заинтересиран за преселба во еден од гигантите на италијанскиот фудбал. Нандез игра за Каљари од 2019 година. Тој во сезонава има 10 меча на сите турнири на кои постигна еден гол и една асистенција. Цената на фудбалерот е 5 милиони евра.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, може да добие отказ доколку клубот испадне од Лигата на шампионите. „Росонерите“ по пет кола од групната фаза се наоѓаат  на последното место на табелата со само пет бодови. Пред нив се а ПСЖ, Борусија Дортмунд и Њукасл. Миланезите во последното коло ќе гостуваат кај Њукасл. Доколку екипата од Милано не влезе во елиминациите, ќе загуби најмалку 160 милиони евра.

Read More

Американските медиуми велат дека младиот српски репрезентативец Никола Топиќ би можел да бидат втор пик на претстојниот драфт во кошаркарската НБА лига. Доколку тоа навистина се случи, Топиќ би го облекол дресот на екипата на Вашингтон Визардс. Бекот кој има само 18 години, во тековнава сезона во АБА лигата има просек од 19,2 поени и 6,6 асистенции.

Read More