Фудбалерите на Атлетико Мадрид со вчерашната сигурна победа против Лацио го потврдија пласманот во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, вели дека е задоволен од прикажаното во групната фаза. „Во осминафиналето сите екипи се многу силни. Направивме чекор напред во однос на последните неколку сезони кога имавме проблеми во групите“ – вели Симеоне. „Јорганџиите“ на мечот со „римските орли“ се израдуваа на 20-та последователна победа на домашен терен во сите конкуренции и го изедначија нивниот рекорд поставен од мај 2012 до февруари 2013 година.
Author: dino
Во 12.00 часот в понеделник (18 декември) ќе бидат формирани двојките за првата фаза на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони. Во улога на носители ќе бидат: Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Реал Сосиедад кои ќе имаат привилегија реваншот да го одиграат на домашен терен. Во вториот сад ќе бидат екипите на: Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, Порто, ПСВ и Пари Сен Жермен. Во наредната фаза не може да се сретнат две екипи од иста земја и тимови што играле во иста група.
Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, денеска на посебна свеченост по повод освоената трета титула во Европскиот шампионат во ридско-планински трки, го претстави новото возило за наредната сезона. Станува збор за автомобил од марката – „Ферари“ со кој ќе се обиде повторно да ја радува македонската спортска јавност во наредниот шампионат.
Извршниот директор на фудбалскиот состав Интер, Џузепе Марота, вели дека новиот договор на Лаутаро Мартинез ќе биде реалност откако напаѓачот изјави дека сака да остане во Италија. „Тој е достоен капитен. Можам да потврдам дека ќе биде лесно да се направи нов договор“ – потенцираше среќниот Марота. Аргентинскиот напаѓач настапува за „нероаѕурите“ од 2018 година. Досега има 188 натпревари и 93 голови.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, им се заблагодари на навивачите кои го повикаа да остане на Олимпико и по истекот на неговиот договор. „Можам само да им се заблагодарам на навивачите. Но, не сум јас на теренот, тоа е тимот на кој му треба нивната поддршка“ – вели Португалецот. „Искрено велам – ако добиеме дефанзивец во преодниот рок во јануари, ќе бидам среќен“, прокоментира Мурињо.
Селекторот на нашите млади ракометари, Раде Стојановиќ, во денешното гостување на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ , вели дека претстојниот настап на – „Carpaty Trophy“ во Романија треба да послужи за проверка на нови играчи што ќе конкурираат за националниот дрес. „Од првичниот објавен список ќе има неколку принудни промени. Затоа ќе повикаме неколку други ракометари. Благодарност до федерацијата и клубовите што ни овозможија да ги ангажираме играчите иако сезоната е во тек. Турнирот во Романија е многу значен за селекцијата за да се задржи добриот ритам“ – потенцираше селекторот Стојановиќ во гостувањето на програмата на Спортско Радио 90,3…
Од Италија стигна веста дека требало да има трампа меѓу Црвена Ѕвезда и Олимпија Милано со цел Кевин Пангос да се пресели во Белград додека Шабаз Напиер да оди во спротивен правец. Сепак, црвено-белите на крајот не се согласија! Во меѓу време и Валенсија покажа дека е заинтересирана да го доведе плејмејкерот, но се уште нема договор бидејќи Олимпија не сака да плати за да се ослободи од Пангос. Кошаркарот е во втор план кај тренерот, Еторе Месина и во сезонава поради повреди одигра само пет натпревари во Евролигата.
Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, Манчестер Сити, доцна синоќа пристигна во Белград. Европскиот шампион утре ќе излезе на мегдан со Црвена Ѕвезда во последното коло во елитата на Европа. Менаџерот, Пеп Гвардиола, се определи да им даде одмор на неколку стандардни првотимци бидејќи мечот нема никакво значење за англискиот состав кој продолжува во наредната фаза. Шпанскиот тренер на средбата со новинарите рече дека нема да го користи правото за официјален тренинг и воедно го најави првиот состав. Во него се: Ортега, Луис, Стоунс, Аканџи, Гомез, Филипс, Нуњез, Боб, Фоден, Грилиш и Алварез.
Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по вчерашната победа против Студентски центар во АБА лигата, ја откри состојбата со повредите на Огњен Јарамаз и Ален Смаилагиќ. „Јарамаз вели дека има големи болки во зглобот. Сега не знаеме колку е тешка повредата„ – нагласи Обрадовиќ. „Ален доби удар во главата кон крајот на натпреварот и побара замена. Ќе видиме што ќе се случи. Што се однесува до Камински, не верувам дека ќе патува во Каунас“ – изјави Обрадовиќ.
Кошаркарите, Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, кои го однесоа тимот на Лос Анџелес Лејкерс до победничкиот пехар во НБА Купот, сосема заслужено влегоа во идеалната петорка на премиерното издание на новото натпреварување преку „големата бара“. Покрај нив тука се и Јанис Адетекумбо од Милвоки Бакс, Кевин Дурант од Феникс и Тајрис Халибартон од екипата на Индијана. Ќе потсетиме дека Лејкерси во голeмото финале во Лас Вегас славеа против тимот на Индијана со 123-109 а за МВП на турнирот беше прогласен ветеранот, Леброн Џејмс.
