Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по вчерашната победа против Студентски центар во АБА лигата, ја откри состојбата со повредите на Огњен Јарамаз и Ален Смаилагиќ.
„Јарамаз вели дека има големи болки во зглобот. Сега не знаеме колку е тешка повредата„ – нагласи Обрадовиќ.
„Ален доби удар во главата кон крајот на натпреварот и побара замена. Ќе видиме што ќе се случи. Што се однесува до Камински, не верувам дека ќе патува во Каунас“ – изјави Обрадовиќ.

