Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, по седми пат е прогласен за играч на месецот во Западната конференција на НБА лигата.
Српскиот репрезентативец последната награда ја доби за ноември што претставува и рекорд во клупски рамки. Тој на 19 мечеви имаше просек од 29 поени, 13,2 скока и 9,2 асистенции.
За МВП на Источната конференција е прогласен Џејсон Тејтум од Бостон кој имаше просек од 27,7 поени, 8,8 скока и 4,1 асистенција.

