Македонија учествуваше на турнирот „Карпати Куп“ заедно со репрезентациите на Романија, Полска, Украина, Русија и Литванија а првата пресметка ја имаше со домаќинот. Крилото, Стевче Алушовски на мечот со Романците постигна пет голови додека Тони Николовски имаше еден помалку.
Во дресот на селецијата беа: Стевче Стефановски, Стевче Алушевски, Игор Котевски, Томче Петрески (Пелистер), Димитар Богдан, Орде Илиески, Миле Нешкоски (Т. Комбинат), Среќко Ѓоргиевски, Драган Маринковиќ, Игор Тасевски (Вардар Ватростална), Боро Чурлевски и Горан Шопов (Борец), Емил Стојановски (Металург Огномак), Зоран Петковски (Повардарие), Тони Николовски (ПТТ Македонија).
Алушовски во денешното гостување на Спортско Радио 90,3 ФМ, изјави дека е горд што беше дел од првата генерација македонски репрезентативци кои го трасираа патот до големите натпреварувања.

