Во 2023 година, гумите на Пирели поминаа вкупно 307.925 километри на 22 трки во Формула 1. Беа искористени 6.847 комплети гуми а возачите реализираа 60.473 кругови. Огромен дел од круговите беа поминати со гуми за сув асфалт. Вкупно 3.800 километри беа поминати со прототип на пневматици кои беа користени на петочните тренинзи во Шпанија, Јапонија и Мексико.
Author: dino
Белгискиот Стандард (Лиеж) доби забрана за трансфери од властите во земјата поради наводно неплаќање на даноци, такси за трансфери и плати. Тимот кој фигурира на 10-то место во белгискиот шампионат, соопшти дека ситуацијата ќе биде поправена и дека ќе можe да донесe нови играчи од јануари. Стандард е во сопственост на компанијата 777 Партнерс.
Екипата на Џирона доколку влезе во топ 4 во шампионатот на Шпанија, има голема веројатност да пропушти учество во Лигата на шампионите Имено, тимот од Пиринеите и англискиот Сити се во сопственост на холдингот – „Сити фудбал груп“ а правилата на ЛШ не дозволуваат такво нешто. Холдингот поседува уште 10 клубови во Европа и целиот свет.Тоа се: Ломел (Белгија), Њујорк (САД), Палермо (Италија), Мелбурн Сити (Австралија), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Монтевидео Сити (Уругвај), Троа (Франција) Сечуан Џунју (Кина), Мумбаи Сити (Индија) и Баија (Бразил)
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека Чуамени ќе мора да игра во дефанзива иако тоа не му се допаѓа. „Кралевите“ имаат многу повредени и казнети фудбалери и затоа сите мора да ротираат на одредени позиции. „Чуамени ги има сите квалитети за да биде еден од најдобрите централни дефанзивци. Сигурен сум дека ќе биде лут поради. Тој може да игра како фудбалер од средниот ред и како дефанзивец, тоа е одлично“. – вели Италијанецот. „Чуамени не сака да игра како централен дефанзивец, Камавинга не сака да игра како лев бек… но, во одредени моменти ќе мора да помогнат “…
Нашата ракометарка, Сара Ристовска, од наредната сезона ќе настапува за романскиот, Рапид Букурешт кој има големи амбиции во Лигата на шампионите. Бидејќи нејзиниот тим од Русија, ЦСКА Москва поради војната со Украина не може да игра во евро-куповите, десното крило сега ќе има можност да се врати во европскиот клупски ракомет. Ристовска играше за Металург, Вардар и рускиот состав Крим.
Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши годинава на 65 место на ФИФА ранг листата. Бидејќи селекциите немаат активности во декември, нема ниту промени во последното рангирање. Македонија на 8. февруари во Париз, Франција, ја очекува жрепката за новата сезона од Лигата на нации на УЕФА На врвот останува Аргентина, по неа следуваат Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.
Европскиот Суд денеска донесе одлука дека УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат дел од друго меѓународно натпреварување кое не е под нивна капа. Тоа значи дека така наречената Супер-лига предводена од Реал Мадрид и Барселона, ја доби битката со двете фудбалски организации откако судот ги прифати аргументите дека УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол за организација на меѓународни натпреварувања. Ќе потсетиме дека Супер-лигата воопшто не стратуваше по големиот притисок и закани од УЕФА и ФИФА. Тогаш англиските, италијанските и дел од шпанските екипи, иако најавија дека сакаат да учествуваат, експресно се повлекоа.
Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ги очекува гостување кај Алавеш во тековното коло во шпанскиот шампионат. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, иако е соочен го отсуство на поголем дел од првотимците поради повреди, сепак верува во успех. „Сега сме во многу тежок период од сезоната. Морам да им се заблагодарам на играчите што се вложуваат максимално иако дел се повредени“ – потенцираше Италијанецот.
Барселона вчера успеа да ја совлада Алмерија со 3:2 и да освои нови бодови во најсилната фудбалска конкуренција на Шпанија. Иако домаќините се вложија максимално за да ја остварат целта, нивниот тренер, Чави, упати критики за односот на фудбалерите. „ Tимот го нема истиот дух што го покажа во шампионската сезона. Ни недостасува агресија и концентрацијa“ – изјави Чави незадоволен што Каталонците примија два гола.
Фудбалерите на Интер се елиминирани од Купот на Италија откако загубија на домашен терен од Болоња со 2:1. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, вели дека неговиот тим бил подобар и не заслужил да биде елиминиран. „Знаеме дека е тоа фудбал. Не сме навикнати да губиме откако ќе одиграме добри 90 минути. Фудбалерите сакаа да стигнат до четврт-финалето“ – потенцираше Инзаги.
