Author: dino

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах по се изгледа ќе потпише нов договор со англискиот клуб. Според новинарот Екрем Конур, Ливерпул е заинтересиран да го продолжи договорот со Салах до летото 2027 година. Египетскиот фудбалер во Ливерпул се пресели од Рома во 2017 година. Сезонава одигра 26 натпревари на сите турнири, на кои постигна 16 гола и реализираше осум асистенции.

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк на прашањето какви се шансите на Ливерпул во борбата за титулата изјави дека е многу рано да се зборува за титулата. „Се уште е декември, па да не одиме толку многу напред. Го одигравме последниот натпревар оваа година, и јас сум многу среќен, бидејќи сега можам да поминам неколку дена со моето семејство“ – вели корпулентниот дефанзивец. „Дефинитивно сме решени оваа сезона да конкурираме за шампионската титула. Ќе видиме каде ќе завршиме“, изјави ван Дајк по победата над Барнли.

Read More

Челзи ќе биде без играчот од средниот ред Енцо Фернандез, но и без Мојсес Каиседо за денешниот дуел со Кристал Палас во Премиер лигата, изјави менаџерот Маурисио Покетино. Лондончани, кои се десетти на табелата сега останаа и без Рахим Стерлинг и Кол Палмер, двајца од нивните најдобри стрелци, кои се суспендирани поради акумулирани картони. Фернандеш се опоравува од кила, додека Каиседо е болен а девет играчи се на листата на недостапни, со што Покетино остана без 11 играчи за последниот домашен натпревар годинава.

Read More

Ѕвездата на светскиот фудбал и на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо го зазеде првото место во трката на најдобри стрелци во 2023 година, постигнувајќи два гола на натпреварот од 17. коло во шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Итихад. Средбата која се одигра во Џеда, тимот на Роналдо ја доби со 5:2. Роналдо постигна два гола од пенал, погодувајќи во 19. и 68. минута.Португалецот стигна до бројката од 53 гола постигнати оваа година и со тоа ги помина францускиот напаѓач од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе и англискиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, кои имаат по 52 гола. Во исто…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, откри што им кажал на своите играчи на полувремето на натпреварот против Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ губеа со два гола разлика по 45 минути игра, по што остварија незаборавен пресврт за 3:2. „На паузата губевме со два гола. Сепак, одигравме силно и во првото полувреме. Во паузата им реков на момците: „Продолжете да верувате и правете ги работите на ист начин, уште подобро. Моравме да извршиме притисок врз противникот и видовте што се случи кога при 1:2 уште повеќе го подигнавме темпото“, вели Тен Хаг.

Read More

За најдобра спортистка беше прогласена Мери Акиевска (боди билдинг) а за најдобра спортистка со попреченост наградата ја прими Јулијана Петровска – Специјална олимпијада на Македонија. Најдобра млада спортистка е Мила Релиќ- таеквондо,  најдобар женски тренер е Билјана Црвенковска а за најдобра женска репрезентација е прогласена фудбалската до 17 години. Посебното признание за животно дело замина во рацете на Катица Димова додека наградата за спортски подвиг за 2023 го освои Благица Владимирова. Најуспешна спортска новинарка, според МОК, годинава е Јана Серафимовa Петровска а најуспешна менаџерка Билјана Кузмановска Николовска. Анета Павловска беше прогласена за најдобра судијка а Велосипедската федерација за најуспешна во…

Read More

Фудбалерот на Бoрнмаут, Доминик Соланке, веројатно ќе добие понуда да се пресели во Тотенхем. „Спарси“ по заминувањето на Хари Kејн се обидуваат интензивно да пронајдат негова замена. Медиумите наведуваат дека тренерот, Постекоглу, сака да го ангажира 26-годишниот напаѓач кој во континуитет покажува одлични партии. Соланке претходно играше за Челзи, Витезе и Ливерпул. За селекцијата на „Гордиот Албион“ има еден меч.

Read More

Весникот – „Сан“ наведе неколку фудбалери што може да се преселат на стадионот – „Олд Трафорд“ по доаѓањето на новиот сопственик, Џим Ратклиф. Во прв план се наметнува името на Франк Де Јонг, кој не ја добива вистинската минутажа во Барса. Тука се споменува и Гонсало Игнасио од Спортинг а се шпекулира и со името на Серж Гнабри кој ги брани боите на Баерн Минхен. Весникот најавува дека менаџерот, Тен Хаг, планира да се ослободи од најмалку 7 играчи за да добие простор за летни засилувања.

Read More

Ракометарот на Словенија, Блаж Јанц, потврди дека нема да патува на Европското првенство во Германија во јануари. „Навистина ми е жал што ќе го следам ЕП 2024 во улога на навивач. Иако срцето сака да биде поинаку, паметот вели дека не смее да се брза кога е повреда во прашање“ – изјави ракометарот на Барселона. Словенија мечевите ќе ги одигра во Берлин а противници ќе и бидат Фарски Острови, Норвешка и Полска.

Read More

Eкипата на Денверславеше против Голден Стејтво НБА лигата со 120:114 a српскиот центар од победничкиот тим, Никола Јокиќ, успеа да ги реализира сите 18-ет слободни фрлања и да направи личен рекорд. Тој е првиот играч уште од Трејси Мекгрејди во 2002 година со 18 поени од слободните фрлања во мечевите за Божиќ. Јокиќ имаше 6 поени, 14 скокови и осум асистенции. На спротивната страна Ендру Вигинг реализираше 22 поени.

Read More