Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, нагласи дека денеска стартува новата мисија и дека е чест и задоволство е да се игра за Македонија.
„Ние сме одлична и млада група ракометари. Имаме квалитет за иднината, сега стартуваат подготовките. Ја знаеме групата и нејзината тежина, ама спортски е да се надеваме“ – вели Кузмановски.
„Јас поминав долго време во Германија, ги познавам навивачите и знам дека ќе биде спектакл на тој фудбалски стадион. Се надевам дека и нам ќе ни дадат поддршка нашите навивачи кои сè следат на секој голем собир. Можеби некој ќе не потцени, ама ние одиме да се надигруваме “ – изјави Кузмановски.