Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, имаше отворен разговор со соиграчот, Мајкл Портер Џуниор, во кој порача дека не ја сака славата и дека има желба да води мирен живот откако ќе заврши НБА приказнате.
„Медиумите се околу нас и ние сме платени за сето тоа, популарност, да бидеме славни. Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал никој да не ме познава. Би сакал моите деца да ме паметат како татко а не како кошаркар„ – вели Јокиќ.
„Немањето телефон е исто така моја цел. Да бидам нормален човек, да пијам со другари, да си играм со децата, да јавам коњи…тоа го сакам“ беа зборовите на Јокиќ.