Селекторот на Швајцарија, Мајкл Сутер, пред воведниот меч со Германија на ЕП имаше интересна изјава. „Швајцарија победи на два меча против Германија во овој век: еднаш кога бев играч; Еднаш кога игравме во Дизелдорф. Па можеби ова е добар момент “ – рече Сутер и се наврати на изминатите денови. „Нашата подготовка помина добро, ги добивме сите три натпревари на последниот тест турнир. Сите играчи кои пристигнаа во Германија се фит, расположението е добро. Мора да го издржиме притисокот во првите 15 минути за да стекнеме стабилност и да ја запреме германската машина“ – вели селекторот на Швајцарија.
Author: dino
Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Горан Шпрем, вели дека чувствува еуфорија околу ЕП. „Последен пат така се почувствував пред турнирот во Австрија и Шведска. Ми се чини дека репрезентацијата има квалитет, дека има добра атмосфера и искрено се надевам дека ќе го искористи тоа и дека веднаш ќе почне со победа против Шпанија. Тоа би ни ја отворило вратата за подобар пласман“ – вели Шпрем. „Среќен сум што играме агресивно, што играме контактна одбрана, што не менуваме многу одбрана и напад, имаме добри голмани и имаме се што е потребно за добар резултат“ – потенцира Шпрем.
Голманот на Швајцарија, Никола Портнер, пред денешниот меч со Германија на стадионот во Дизелдорф, вели дека е фасциниран од целиот објект кој сега има ракометен амбиент. „Импресивно е кога е празно но, знам дека ќе биде сосема поразлично доживувањето кога ќе играме пред гледачи. Ги видовме сликите пред да дојдеме и изгледаше огромно. Сега гледаме дека е многу поголемо отколку што очекувавме“ – вели Портнер. „Сепак, се чувствува како арена, не дува ветер, топло е, условите се совршени. Навистина се чувствувам како привилегиран да бидам тука“ – вели голманот на Швајцарија.
Поранешниот фудбалер за врска на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше настапот на напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Маркус Рашфорд, на мечот со Виган во ФА Купот. „Секогаш очекувам повеќе од Рашфорд отколку од другите играчи. Маркус многу често прави непотребни финти наместо да шутира кон голот “ – рече Кин. Рашфорд во сезонава одигра 25 натпревари во сите конкуренции на кои постигна три гола и направи пет асистенции.
Трент Александер-Арнолд е уште еден клучен играч на Ливерпул кој заработи повреда што ќе го оддалечи најмалку три недели од стадионите, соопшти Пеп Линдерс, помошник на Јирген Клоп. Десниот бек заработи повреда на коленото на дербито од третото коло во ФА Купот со Арсенал. На тој начин, „црвените“ остана без бекови по долгогодишните повреди на Енди Робертсон и Костас Цимикас. „Трент има мало кинење на страничните лигаменти на коленото и ќе му треба време да се опорави. Ќе одмара неколку недели и потоа се надевам дека ќе се врати во истата форма“ – вели Линдерс.
Англискиот состав Њукасл може да испрати понуда за играчот на Барселона, Рафиња, откако Каталонците најавија дека сакаат да се ослободат од 27-годишниот репрезентативец на „кариоките“. Рафиња кој беше купен од Лидс во 2022 година за големи 58 милиони евра, за шпанскиот состав одигра 69 натпревари со ефект од 14 голови и 19 асистенции. Во исто време се појавија шпекулации дека Рафиња е интересен и за екипите од Саудиска Арабија.
Фудбалерот, Џордан Хендерсон, беше дел од Ливерпул од 2011 до 2023 година. Потоа се пресели во Саудиска Арабија во редовите на Ал-Етифак но, по само неколку месеци искусниот играч сака да се врати во Европа. Токму за тие шпекулации проговори тренерот на „црвените“, Јирген Клоп. „Дали Хендо имаше прес-конференција и тоа го кажа? [Не]. Не ми се јавил. Зборувавме всушност но, не за тоа“ – истакна германскиот тренер на клупата на Ливерпул.
Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон е пренесен во болница во тешка состојба откако имал несреќа при крајот на втората етапа на релито Дакар. Тој ја повредил главата и со хеликоптер бил пренесен во болницата во Ал-Дувадим во критична состојба. „Кога пристигнаа болничарите, тој немаше пулс. Се уште не знаеме дали имал само повреди на главата од ударот или несреќата се случила бидејќи имаше мозочен удар“ – изјави директорот на релито, Дејвид Кастер.
Македонската ракометна експедиција денеска замина за Германија на Европскиот шампионат. Таму во групата „А“ на 10 јануари ќе отвориме со Франција а потоа ќе играме против домаќинот на 14-ти и со селекцијата на Швајцарија (16 јануари). На пат за Диселдорф заминаа Никола Митревски (капитен),Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски,Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев и Игор Ѓорѓиев.
Тренерот на Арсенал, Микел Артерта, сака да го ангажира фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто. 31-годишниот Шпанец веројатно нема да добие понуда да остане на „Камп Ноу“ а тоа може максимално да го искористат „топчиите“. Роберто покрива повеќе позиции во одбраната а знае да одигра одлично и во средниот ред. Тој за шпанскиот гигант има 357 натпревари, 19 голови и 40 асистенции.
