Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Горан Шпрем, вели дека чувствува еуфорија околу ЕП.
„Последен пат така се почувствував пред турнирот во Австрија и Шведска. Ми се чини дека репрезентацијата има квалитет, дека има добра атмосфера и искрено се надевам дека ќе го искористи тоа и дека веднаш ќе почне со победа против Шпанија. Тоа би ни ја отворило вратата за подобар пласман“ – вели Шпрем.
„Среќен сум што играме агресивно, што играме контактна одбрана, што не менуваме многу одбрана и напад, имаме добри голмани и имаме се што е потребно за добар резултат“ – потенцира Шпрем.