Ѕвездата на КТМ, Бред Бендер, изјави за – „Corse di Moto“ дека ги сака спринтерските трки во Мото Гран При шампионатот иако повеќето од неговите колеги се против нивното воведување. „Пилотите се жалат дека го зголемуваат обемот на работа и ризиците од падови и повреди. Вистината е дека спринтовите се физички понапорни од главните неделни трки“ – објасни Бендер. „Да бидам искрен, претпочитам спринтови бидејќи можам да дотуркам до крај и не морам да се обидувам да ги задржам гумите да траат подолго“ – вели Бендер.
Author: dino
Лара Гут-Бехрами победи на женскиот супер-велеслалом во Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Алтенмаркт-Заухензе. За Гут-Бехрами ова е 20-ти успех во оваа дисциплина. Само Американката Линдзи Вон има повеќе од Швајцарката – 28. Австријката Корнелија Хутер, заврши на второто место а нејзината сонародничка Миријам Пучнер го пополни третото место на подиумот. Во поредокот за малиот кристален глобус во супер-велеслалом води Корнелија Хутер пред Гут-Бехрами и Брињоне. Во Светскиот куп води Американката Микаела Шифрин. Втора е Италијанката, Федерика Брињоне а трета Лара Гут-Бехрами.
Нашиот специјалист за одбрана, Никола Марковски, очекува многу пожестока битка на утрешниот меч со Германија во второто коло во групата „А“ на континенталниот собир. „Против Франција немавме ни жолт картон, ни исклучување, па верувам дека ќе бидеме поагресивни. Германија не е како Франција, не напаѓаат да навлечат играчи, туку се ориентирани повеќе на шут од дистанца“ – рече Марковски. Македонската селекција денеска ги продолжува подготовките за утрешниот меч со домаќинот на ЕП. Потоа во вторник ќе не очекува и последната средба во групната фаза против Швајцарија.
„Видовме дека Германија игра цврста одбрана и изнудува технички грешки по кои постигнува лесни голови“ – вели нашиот пивотмен, Мартин Велковски, кој е дел од системот кога напаѓаме со седум ракометари. „Ние имавме проблеми против Франција во играта „еден на еден“ и тие тоа го искористија и нè принудија на технички грешки. Нам не ни беше примарна опција „седум на шест“, ја искористивме, бидејќи имавме проблеми во дуелите „еден на еден“ – потенцира Велковски. Мечот Македонија- Германија ќе биде одигран утре од 20.30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.
Голманот , Мартин Томовски, пред мечот со „панцирите“, потенцира дека тие се далеку поразлична екипи од Франција која ни го нанесе првиот пораз на стартот на Европското првенство. „Би рекол дека Германија е дури и поопасна од Франција. Нивната младост е адут. Технички и физички се подготвени, влечат брз центар и полуконтра. Ќе претставуваат голем проблем“ – вели Томовски. „Мора да одиграме многу подобра одбрана од онаа против Франција. Нападот му го препуштам на селекторот“ – изјави Томовски.
Филип Кузмановски кој има искуство од Германија, вели дека домаќинот ќе има голема поддршка од трибините на утрешниот меч во Берлин во групната фаза на Европското првенство. „Бидејќи играв таму, многу добро знам како ќе биде на теренот. Направена е промена на генерациите и тимот има фантастични ракометари“ – вели Кузмановски. „Јасно ни е дека без одбрана не можеме да оствариме добар резултат и можам да ветам една поцврста игра во дефанзивата. Морам да истакнам дека чувстввам притисок, но тоа за мене е позитивно“ – вели Кузмановски.
Јунус Емре Конак му се приклучи на Брентфорд, објави англискиот клуб кој се наоѓа на 16-то место во Премиер-лигата. 18-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша договор со лондончани до 2029 година со опција за продолжување на уште една сезона. Конак е младински играч на Сиваспор а во сезонава има 17 натпревари со една асистенција. Toj има три меча за младинската репрезентација на Турција а на трансфер-пазарот вреди два милиони фунти.
Јанис Адетекумбо и Леброн Џејмс се двајцата играчи со најмногу гласови во анкетата на навивачите за претстојниот НБА Ол-стар натпревар, кој ќе се одржи на 19 февруари во Индијанаполис. Гркот е број 1 во Источната конференција со 3.475.698 гласови, додека Леброн е прв на Западот со 3.096.031 глас. Поделено по конференција, Јанис води на Истокот а по него е Џоел Ембиид од Филаделфија со 2.975.987. Третото место му припадна на Џејсон Тејтум од Бостон со 2.939.663, додека Тајрис Халибартон од Индијана е четврти со 2.192.810. По него е Треј Јанг од Атланта со 1.449.485, а веднаш зад него е Демијан…
Милан и Фенербахче постигнаа договор за трансфер на Раде Круниќ во турскиот гигант, потврдија италијанските медиуми. После неколку неделни преговори двата клуба конечно постигнаа договор вреден 5 милиони евра. Круниќ денеска ќе пристигне во Истанбул на лекарски прегледи и ќе стави потпис на 3,5 годишен договор.
Еден од најискусните во редовите на Исланд, Арон Палмарсон, не крие дека очекува добри игри на континенталниот собир. „ Имаме добар тим, нов тренер, нови идеи. Србија е одлична репрезентација, игра навистина добро во последните неколку години. Средниот бек, пивотмените и голманите се нивната најголема сила“ – вели Палмарсон. „Ќе имаме притисок затоа што сакаме да стигнеме далеку. Но, тој притисок не го гледам како проблем, напротив. Тој може само да ни користи, бидејќи сега имаме искусен тим – изјави централниот бек за „Балкан Хендбол“.
