Еден од најискусните во редовите на Исланд, Арон Палмарсон, не крие дека очекува добри игри на континенталниот собир.
„ Имаме добар тим, нов тренер, нови идеи. Србија е одлична репрезентација, игра навистина добро во последните неколку години. Средниот бек, пивотмените и голманите се нивната најголема сила“ – вели Палмарсон.
„Ќе имаме притисок затоа што сакаме да стигнеме далеку. Но, тој притисок не го гледам како проблем, напротив. Тој може само да ни користи, бидејќи сега имаме искусен тим – изјави централниот бек за „Балкан Хендбол“.

