„Видовме дека Германија игра цврста одбрана и изнудува технички грешки по кои постигнува лесни голови“ – вели нашиот пивотмен, Мартин Велковски, кој е дел од системот кога напаѓаме со седум ракометари.
„Ние имавме проблеми против Франција во играта „еден на еден“ и тие тоа го искористија и нè принудија на технички грешки. Нам не ни беше примарна опција „седум на шест“, ја искористивме, бидејќи имавме проблеми во дуелите „еден на еден“ – потенцира Велковски.
Мечот Македонија- Германија ќе биде одигран утре од 20.30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.

