Ракометарот на Србија, Урош Борзаш, вели дека со нетрпение го очекува првиот меч на Европското првенство во Германија.
„ Мислам дека сите дојдовме подготвени и дека можеме да одиграме максмимално мотивирано против Исланд.Нивниот најголем квалитет е играта еден на еден во напад и пред се фантастично брзите контри“ – вели Борзаш.
„Ние ќе дадеме се за нашата земја, за грбот, за дресот и очекуваме да имаме поддршка од навивачите. Значајно е да го победиме Исланд а потоа да ги реализираме нашите планови“ – потенцираше Борзаш за „Balkan Handball“.