Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти,  проговори за иднината на Тони Крос. Италијанскиот стручњак јасно стави до знаење дека Германецот во таборот на Лос Бланкос сам ќе донесе одлука дали ќе остане во клубот.„Само тој одлучува. Тоа е до Тони. Тој ќе донесе одлука во вистинско време и на најдобар начин, сигурен сум“ – рекол Анчелоти. Крос се активираше во Реал Мадрид во 2014 година. Досега има 21 трофеј од кој четири од Лигата на шампионите . Договорот на играчот со мадридскиот клуб е валиден до крајот на јуни.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација новото издание на Лига на Нации го започнува на 7. септември со гостување кај Фарски Острови. Распоред на натпревари на македонската А репрезентација:7. септември 2024, 15:00 часот: Фарски Острови – Македонија10. септември 2024, 20:45: Македонија – Ерменија10. октомври 2024, 20:45 часот: Летонија – Македонија13. октомври 2024, 18:00 часот: Ерменија – Македонија14. ноември 2024, 20:45: Македонија – Летонија17. ноември 2024, 15:00 часот: Македонија – Фарски Острови Првите две селекции од групата ќе продолжат во разигрувањето за повисок ранг додека последните две ќе играат за опстанок.

Read More
NBA

Раководството на Филаделфија се договори со Индијана Пејсерс за ангажман на кошаркарот, Бади Хилд, велат последните информации од САД. Тој е еден од најдобрите шутери во НБА. Во сезонава има просек од 12 поени, 3,2 скока и 2,7 асистенции по натпревар за нешто повеќе од 25 минути поминати на теренот. 31-годишниот играч кој доаѓа од Бахами има тековен договор до крајот на сезонава.

Read More

Фудбалерот на Интер, Давиде Фратези, има повреда на мускулот и веројатно ќе ги пропушти наредните два меча во Серија А. Тој нема да биде достапен за саботното дерби со Рома на Олимпико како и за мечот со Салернитана на 16 февруари во Милано. Фратези во сезонава одигра 19 натпревари и постигна два гола.Фратези би можел да се врати во тимот на 20 февруари кога Интер ќе го пречека Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Read More

Италијанските медиуми објавија дека тренерот на фудбалерите на Болоња, Тијаго Мота, сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната откога ќе му истече договорот. Неговиот тим игра фантастично во тековнава сезона вo Серија „А“ и веројатно до крајот ќе се бори да обезбеди место во Лигата на шампионите.Поранешниот фудбалер на Барса, Интер и ПСЖ кој седна на клупата на Болоња во 2022 година, има актуелен договор до почетокот на јуни. Бразилецот кој има италијански пасош, е цел на неколку европски гиганти.  

Read More

Арсенал го следи играчот од средниот ред на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесува  весникот – „The Mirror“. Лондонскиот тим сака да ја засили крилната позиција а во преден план се наметнува 21-годишниот  фудбалер. Тој во сезонава одигра 20 натпревари во елитата на Шпанија со ефект од 3 гола и 7 асистенции. Во Купот на земјата има одиграно четири средби на кои постигна 2 гола и направи 3 асистенции. Договорот на Вилијамс со Атлетик е до 2027 година.

Read More

Англискиот фудбалски состав Вулверхемптон соопшти дека ја продолжил соработката со Тоти Гомеш. 25-годишниот дефанзивец ќе остане на стадионот Молине до крајот на сезоната 2028/29. Португалскиот репрезентативец во 2020 година го напушти Есторил и се пресели во Англија. Тој во еден период настапуваше како позајмен играч во швајцарскиот Грасхоперс. Вулверхемптон со 32 бода го има десеттото место во Премиер лигата.

Read More
NBA

Екипата на Далас го ангажираше кошаркарот, Пи Џеј Вашингтон, откако се договори со луѓето од Шарлот. За возврат, Хорнетс ќе ги добијат Грант Вилијамс, Сет Кари и пик од првата рунда на драфтот во 2027. Далас ќе добие два драфт пика од втората рунда. Вашингтон во сезонава има  44 натпревари во НБА со просек од 13,6 поени, 5,3 скока и 2,2 асистенции. Ќе потсетиме дека Шарлот го испрати Гордон Хејворд во Оклахома за да ги добие : Василије Мичиќ, Тре Ман и Дејвис Бертанс.

Read More
NBA

Пред салата на Лос Анџелес Лејкерс, беше откриен споменикот на легендарниот кошаркар на „езерџиите“, Коби Брајант. На церемонијата присуствуваше шесткратниот НБА шампион Карим Абдул-Џабар, петкратниот шампион и олимписки првак со селекцијата на САД,  Меџик Џонсон, како и Пол Гасол , шампион во НБА и двократен светски првак со  репрезентацијата на Шпанија. Бронзената статуа го прикажува Брајант облечен во дресот со број 8. Коби Брајант загина на 26 јануари во 2020-та на 41-годишна возраст кога се сруши неговиот приватен хеликоптер. Во несреќата загинаа пилотот и сите осум патници меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, Џана.

Read More

Нигерискиот интернационалец во Наполи, Виктор Осимен, веројатно ќе добие понуда да се пресели во ПСЖ откако напаѓачот на французите, Килијан Мбапе ќе си замине од клубот (Реал Мадрид), велат последните информации од Париз. Наводно тренерот на тимот од „Паркот на принцовите, Луис Енрике, повеќе го преферира црномурестиот напаѓа на Наполи иако во комбинација се наметнува и играчот на Милан, Рафаел Леао. Осимен има актуелен договор до јуни 2026 година а откупната цена му е 112 милиони евра.

Read More