Author: dino

Спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес е уверен дека главниот тренер на фармацевтите, Чаби Алонсо, нема да го напушти клубот во догледна иднина. „Да, сигурен сум дека Алонсо ќе остане во Баер. Една од причините е договорот. Другото е што тој и неговото семејство се чувствуваат удобно во Леверкузен. Тој знае што има во овој клуб. Тој исто така има многу добар тим, светли перспективи. Не се очекуваат промени во составот. Следната година дефинитивно ќе имаме врвен тим“, изјави Ролфес. Да потсетиме, претходно се појавија информации дека преставници на Ливерпул разговараат за можното назначување на Алонсо за главен тренер на Ливерпул за следната сезона. Шпанскиот…

Read More

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа има напредок од 3 позиции на најново објавената ВТА ранг листа и сега таа е на 239 место со 312 освоени поени. Македонската тенисерка овој скок го направи благодарение на добриот настап на тенискиот турнир во Анталија. Ѓорческа оваа недела ја очекува уште еден настап на ИТФ фјучрс во Анталија, а со уште еден добар натсап ќе може да собере дополнителни поени за нов напредок на ВТА листата. Напредок од пет места има и Магдалена Стоилковска таа со 9 поени се наоѓа на 1211.то место.

Read More

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 4 позиции на најново објавената АТП ранг-листа каде со 145 поени сега се наоѓа на 345.то место. Тој има и четири поени помалку од претходната недела, но падот на Ивановски на ранг-листата е од причина што тој нема настапи оваа година поради повреда на мускул. Последните информации се дека Ивановски повторно е во тренажен процес и се очекува наскоро повторно да биде дел од турнирите. Горазд Србљак оваа недела е рангиран на 1069.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609.то место со 2 поена. Во конкуренција на двојки Ивановски…

Read More

Она што се очекуваше доби и потврда, а тоа е дека една од главните ѕвезди во тимот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, официјално ќе отсуствува од терените во следните три до четири недели и нема да настапи на натпреварите од нокаут-фазата во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, во чии редови настапува и нашиот Ељиф Елмас. Англискиот репрезентативец заработи повреда на натпреварот со Џирона и беше јасно дека го очекува пауза, но навивачите се надеваа дека таа нема да биде предолга, сепак, Белингем ќе мора да паузира три до четири недели. Карло Анчелоти ќе мора да најде решение за да го…

Read More

Неколку стотици навивачи на ПСЖ оваа недела биле присутни во клупскиот тренинг центар во француската престолнина, а притоа го замолиле Килијан Мбапе да не го напушта Париз на крајот на неговиот договор. Навивачите ја искористиле шансата да го поддржат и охрабрат својот тим пред нивниот дуел во Лигата на шампионите со Реал Сосиедад, како и да ја искажат својата поддршка кон Килијан Мбапе. „Килијан во Париз!“ – скандирале неколку пати за да го охрабрат капитенот на францускиот тим да го обнови договорот со ПСЖ. Очигледно допрен од аплаузот, Мбапе им аплаудирал на навивачите, а потоа ја кренал раката и ја ставил на…

Read More

Ужазна вест утринава пристигна за љубителите на атлетиката. Светскиот рекордер во маратон, кенискиот тркач Келвин Киптум загина во сообраќајна несреќа во неделата, соопштија кениските власти. Заедно со 24-годишниот Киптум загина и неговиот тренер Жервејс Хакизиман од Руанда. Веста прво се појави на социјалните мрежи по информациите од командантот на сообраќајната база Денис Муга, но беше потврдена и од сопственото семејство на Киптум. „Ужасно! Кенија изгуби посебен скапоцен камен. Немам зборови“, објави кенискиот министер за спорт Абабу Намвамба. Во октомври минатата година, Киптум постави светски рекорд на маратонот во Чикаго трчајќи 42,19 километри за 2:00:35 часа, соборувајќи го за 34 секунди…

Read More

Картистот на Макпетрол Витомир Трајковски освои сребрен медал на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија. Трајковски беше единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот успеа да стигне до медал. На овој голем настан настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.  Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот. Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Тој…

Read More

Јулија Симон (Франција) ја обезбеди и втората титула во спринт на 10 километри откако триумфираше на Светското првенство во биатлон во чешкиот зимски центар – Нове Место. За неа тоа е петти златен медал во кариерата од СП и воедно трет во Нове Место по триумфот во спринтот на 7,5 километри и со мешаната штафета на Франција. Италијанката, Лиза Витоци, го освои среброто а  Жастин Буше (Франција) се израдува на бронзата.

Read More

Норвежанецот, Јоханес Тингнес Бо, ја одбрани титулата во трката од 12,5 километри на Светското првенство во биатлон во чешкиот зимски центар Нове Место. „Беше голема битка со Фетел, Тареи исто така беше многу брз. Тоа е остварување на сонот, да се победи по минатата година, притисокот е огромен. Не се чувствував како фаворит пред Светското првенство, воопшто не мислев дека ќе освојам златен медал“  – изјави Бо. Светското првенство во биатлон продолжува на 13 февруари со трката во поединечна конкуренција на 15 километри за жени.

Read More

Австриецот, Стефан Крафт, победи на големата скокалница во американскиот зимски центар во натпревар од Светскиот куп во скијачки-скокови. Второто место го поделија Филип Раимунд (Германија) и Ловро Кос (Словенија). Во трката за Големиот кристален глобус води Крафт со 1236 бодови пред Андреас Велингер (Германија) со 1027 и Јапонецот Роју Кобајаши со 1021 бод. Светскиот шампионат во ски-скокови ќе се пресели наредниот викенд во Сапоро, Јапонија.

Read More