Ужазна вест утринава пристигна за љубителите на атлетиката. Светскиот рекордер во маратон, кенискиот тркач Келвин Киптум загина во сообраќајна несреќа во неделата, соопштија кениските власти. Заедно со 24-годишниот Киптум загина и неговиот тренер Жервејс Хакизиман од Руанда.
Веста прво се појави на социјалните мрежи по информациите од командантот на сообраќајната база Денис Муга, но беше потврдена и од сопственото семејство на Киптум.
„Ужасно! Кенија изгуби посебен скапоцен камен. Немам зборови“, објави кенискиот министер за спорт Абабу Намвамба.
Во октомври минатата година, Киптум постави светски рекорд на маратонот во Чикаго трчајќи 42,19 километри за 2:00:35 часа, соборувајќи го за 34 секунди претходниот рекорд на друг Кениец, Елиуд Кипчоге, кој беше поставен во Берлин во 2022 година.