Норвежанецот, Јоханес Тингнес Бо, ја одбрани титулата во трката од 12,5 километри на Светското првенство во биатлон во чешкиот зимски центар Нове Место.
„Беше голема битка со Фетел, Тареи исто така беше многу брз. Тоа е остварување на сонот, да се победи по минатата година, притисокот е огромен. Не се чувствував како фаворит пред Светското првенство, воопшто не мислев дека ќе освојам златен медал“ – изјави Бо.
Светското првенство во биатлон продолжува на 13 февруари со трката во поединечна конкуренција на 15 километри за жени.

