Австриецот, Стефан Крафт, победи на големата скокалница во американскиот зимски центар во натпревар од Светскиот куп во скијачки-скокови.
Второто место го поделија Филип Раимунд (Германија) и Ловро Кос (Словенија). Во трката за Големиот кристален глобус води Крафт со 1236 бодови пред Андреас Велингер (Германија) со 1027 и Јапонецот Роју Кобајаши со 1021 бод.
Светскиот шампионат во ски-скокови ќе се пресели наредниот викенд во Сапоро, Јапонија.