Koшаркарите на Истокот поставија рекорд на НБА Ол-стар натпревар. Тие се првите што успеале да дадат повеќе од 200 кошеви откако во текот на ноќта го совладаа Западот со 211:186 на мечот одигран во Индијанаполис. Дамијан Лилард кој имаше 39 поени и 11 тројки од кои една од центарот на теренот, сосема заслужено го освои трофејот „Коби Брајант“ кој му се доделува на најкорисниот играч – МВП. Најефикасен на Ол Стар мечот беше Карл-Ентони Таунс кој дојде до 50 поени. Кај победниците Халибартон постигна 32 поени а Џејлен Браун беше втор кај Истокот со 36. Шај Гилџис Александер кој беше…
Author: dino
Хавиер Тебас проценува дека аферата Негреира е најлошиот настан во историјата на шпанскиот фудбал. Да потсетиме дека поранешниот потпретседател на техничкиот комитет на судии (CTA) на Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF), Хозе Марија Негреира беше обвинет за поткуп откако судот ја разгледа исплатата на 7,7 милиони евра од Барселона од 2001 година до 2008 година а во целиот случај беа вмешани и поранешните каталонски претседатели, Хосеп Бартоме, Сандро Росел. „Ова е најлошото што било и ќе биде во историјата на шпанскиот фудбал – неверојатно е што клубот толку години го плаќал потпретседателот на судиите“ – вели Тебас.
Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Тухел, се осврна на исклучувањето на неговиот дефанзивец, Упамекано на мечот со Бохум во Бундеслигата. „Сè уште не сум разговарал со него. Се разбира, тоа е крајно вознемирувачко. Планиравме тој да игра само 30 минути бидејќи беше единствениот што можеше да игра на позицијата десен бек“ – вели Тухел кој и покрај поразот ја има довербата на челниците на клубот. „Тоа не беше удар во лице – тој само скокаше со широко отворени раце, но одлуката за пенал беше брзо донесена“ – потенцираше тренерот на Баварците кои полека се чини ја губат трката за титулата…
Екипата на Ренџерс се врати од негатива од 4-1 во серијата на стадионите и влезе во историјата на НХЛ лигата. Ренџерс ги совлада островјаните (6:5 ) во продолжение иако во текот мечот имаa негатива од 4-1 и 5-3 . Клубот од Њујорк е првиот во историјата на НХЛ кој победил во натпревар на отворено откако анулирал негатива од три гола. Стрелец на победничкиот гол беше напаѓачот. Артеми Панарин. На мечот на отворено присуствуваа 79.690 гледачи. Натпреварот беше меѓу првите 3 најпосетени во историјата на НХЛ лигата на САД и Канада.
Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, кој беше изнесен на носилки на мечот со Брентфорд, имал среќа и избегнал потешка повреда, велат последните информации од Англија. Крилниот напаѓач на „црвените“ има само помало оштетување на вкрстените лигаменти на левото колено. Тоа значи дека интернационалецот од Португалија ќе биде надвор од терените околу два месеца. Тој нема да игра во финалето на Лига Купот против Челзи закажано за 25 февруари.
Играчот од средниот ред на Милан, Рубен Лофтус-Чик, кој постигна два гола на вчерашниот меч со Рен во Лига Европа, вели дека му се допаѓа новата улога на теренот. „Имав различни улоги во средниот ред но, ми се допаѓа сегашнава кога сум поблиску до голот“ – вели Англичанецот. „Имав многу проблеми со повреди во последниве месеци но, сега сум подобар“ – потенцираше фудбалерот на Милан.
Челниците на фудбалскиот состав Интер ќе му го продолжат договорот на тренерот Симоне Инзаги, доколку „нероаѕурите“ ја освојат титулата во Серија „А“, наведуваат медиумите на Апенините. Тимот од Милано води во поредокот со 7 бодови предност пред второпласираниот Јувентус а има и натпревар помалку. Интер под водство на Инзаги има 141 натпревар со ефект од 93 победи, 24 нерешени и 24 порази.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, беше најдобриот играч на теренот за време на неделната победа над Астон Вила со 2-1. Неговиот настап беше уште еден доказ дека неговата издржливост заслужува пофалба. Тој направи повеќе додавања од кој било друг играч на Јунајтед (47 од 59, според Opta), победи во сите седум воздушни дуели или во 11 од вкупно 12 на секој дел од теренот. Токму неговата асистенција со глава до Расмус Хојлунд, доведе до тоа напаѓачот да го отвори резултатот.
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, влегува во плановите на ПСЖ, велат најавите од Англија и Франција. Репрезентативецот на Египед би требало да биде замена за Килијан Мбапе кој доцна синоќа потврди дека во текот на летото ќе си замине од стадионот – „Паркот на принцовите“.Салах го облече дресот на „црвените“ во 2017 година и досега има одиграно 238 средби на кои постигна 151 гол.
Кошаркарите на Милвоки во текот на ноќта загубија од Мемфис со 113:110 а нивниот тренер, Док Риверс, не крие дека е изнервиран од односот на ѕвездите во тимот. Според него, дел од кошаркарите не размислувале за средбата туку за мини-одморот кој ги очекува додека се реализира – „Ол Стар“ викендот. „Некои од нашите играчи беа таму на теренот а некои веќе беа на плажата во Мексико“ – беа зборовите на Риверс.
