Koшаркарите на Истокот поставија рекорд на НБА Ол-стар натпревар. Тие се првите што успеале да дадат повеќе од 200 кошеви откако во текот на ноќта го совладаа Западот со 211:186 на мечот одигран во Индијанаполис.
Дамијан Лилард кој имаше 39 поени и 11 тројки од кои една од центарот на теренот, сосема заслужено го освои трофејот „Коби Брајант“ кој му се доделува на најкорисниот играч – МВП. Најефикасен на Ол Стар мечот беше Карл-Ентони Таунс кој дојде до 50 поени.
Кај победниците Халибартон постигна 32 поени а Џејлен Браун беше втор кај Истокот со 36. Шај Гилџис Александер кој беше дел од Западот, постигна 31 кош.