Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го собори рекордот на Финецот, Сами Хипија за најмногу голови што ги постигнал еден дефанзивец на стадионот – „Енфилд“. Холанѓанецот погоди на вчерашниот меч со Лутон во Премиер-лигата со што дојде до бројката од 12 голови пред домашните навивачи. Ван Дајк кој дојде во 2018 година во таборот на „црвените“, има 18 голови во Премиер лигата. Тоа е своевиден рекорд бидејќи ниту еден друг дефанзивец нема толку голови во тој временски распон.
Author: dino
Вториот најбогат човек во Британија, Џим Ретклиф, кој деновиве влезе во управувачкиот дел на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, вели дека „црвените ѓаволи“ се пореномиран состав од лондонските клубови. Тој пред две години се обиде да го купи тимот на Челзи но, не успеа во намерата. Затоа се насочи кон „црвените ѓаволи“. .„Поминавме многу време размислувајќи дали навистина сакаме да го направиме тоа [да го купиме Челзи].Не можете да ги споредувате Челзи и Манчестер Јунајтед“ – рече Ретклиф.
Играчот на Рома, Брајан Кристанте, не крие дека е презадоволен од работата на новиот тренер Де Роси, кој дојде на местото на Жозе Мурињо. Играчот од средниот ред на „волчицата“ се восхитува на беспрекорната адаптација на новиот тренер. Кристанте претходно работеше со Де Роси на Евро 2020 година во италијанската репрезентација. „Кога пристигна, не му требаше вовед. Можеби му беше тешко да се приклучи на тимот но, добро менаџира со играчите“ – вели Кристанте.
Медиумите во Италија наведуваат дека Тијаго Мота е главниот кандидат да го наследи Стефано Пиоли на клупата на фудбалскиот состав Милан. Според нивната анализа, „росонерите“ во текот на летото ќе се обидат да го ангажираат тренерот на Болоња кој има одлични резултати со неговиот состав во Серија „А“. Иако имаше одредени најави дека Антонио Конте може да седне на клупата на „Сан Сиро“ , тоа веројатно нема да се случи.
Екипите на Наполи и Барселона вечер ќе се соочат на „Диего Армандо Марадона“ во првата пресметка од 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Почетокот на натпреварот е во 21:00 часот. Наполи стигна до елиминациите како втор во групата во која беа Реал Мадрид, Брага и Унион (Берлин). Италијанците имаа три победи, едно реми и два пораза. Барселона прва помина низ целта во групната фаза пред Порто, Шахтјор (Доњецк) и Ројал Антверпен. Каталонците имаа 4 победи и 2 пораза. Двата тима се сретнаа двапати на турнирите во последниве години а Барселона беше поуспешна. За домаќинот од првата минута треба да истрачаат: Мерет,…
Во португалскиот дел на Пиринеите екипата на Порто доцна веќер ќе се сретне со Арсенал во првата пресметка од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Англичаните се влезени во одлична серија од пет победи и фантастична реализација.Таквата форма очекуваат да ја пренесат и во елитата на Европа иако се свесни дека Порто ќе биде тежок орев. „Змаевите“ имаат богато искуство од меѓународната сцена и во ниту еден случај не смеат да се потценат. Двата тима последен пат се сретнаа во истата фаза во 2010 година. Тогаш Порто го доби првиот меч со 2:1, но во реваншот „топчиите“ го совладаа противникот…
Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, не го заврши мечот против Тиаго Монтеиро на турнирот во Рио. Тој во вториот сет го повреди зглобот по што беше направена пауза за да влезе лекарскиот тим. Веднаш потоа Алкараз одигра уште два гема и се повлече. По мечот тој објасни дека неговото одбивање да продолжи било мерка на претпазливост иако лекарите рекле дека повредата не е „сериозна“.
Атлетико Мадрид со минимален пораз од 1-0 се враќа од гостувањето кај Интер во првиот меч од елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони. Тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, вели дека на реваншот на Пиринеите ќе се реши прашањето кој ќе продолжи понатаму во елитата на Европа. „Тие не казнија за нашата грешка. Сепак, остануваме мирни бидејќи ќе има реванш“ – потенцираше Симеоне
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се изрази ласкаво за Порто пред стартот на осминафиналната серија во Лигата на фудбалските шампиони. Англискиот состав доцна вечер ќе гостува на стадионот – „Драгао“ додека реваншот ќе го одигра на домашен терен во Лондон. Шпанскиот тренер вели дека португалците имаат голем квалитет во ростерот и дека неговите избраници ќе треба да бидат крајно внимателни. „Порто има големо искуство на европските турнири. Тоа е навистина тежок противник но, ние сме полни со енергија и желба за успех“ потенцираше Артета пред денешниот меч во Португалија кој ќе започне во 21.00 часот.
Фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган, беше реален во проценката дека неговиот тим не се вбројува меѓу главните кандидати за освојување на пехарот во Лигата на шампионите. „Има други тимови со поголемо искуство но, ако успееме да стигнеме до четвртфиналето, се може да се случи. Ќе биде тешко за сите екипи, тоа е реалност“ – вели искусниот фудбалер на шпанскиот состав. Барселона доцна вечер ќе му гостува на Наполи во првиот меч од осминафиналната фаза во елитата на Европа.
